Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!
<
Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на АСНОМ-ците од 1944, а по тој повод, како ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга положивме цвеќе пред спомен обележјата во с. Драслајца и с. Ложани.
Ова е ден кога се врежани темелите на нашата државност, на слободата и на вековниот стремеж за самостојна Македонија!
Нека ни е вечна Крушевската Република!
Нека гордо се вее македонското знаме!
Нека живее Република Македонија – горда, достоинствена и обединета!
Честит Илинден – нека е вековит македонскиот сон!