На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди се здобил 15 годишно малолетно лице од Скопје. Истиот, со возило од Итната медицинска помош е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.
<