Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната комисија за жалби по јавни набавки.
<
Владата на Република Северна Македонија одлучи сите службени возила да бидат опремени со регистарски таблички со посебна боја, најверојатно црвена, до 15 септември 2025 година, со цел да се зголеми транспарентноста и да се спречи злоупотреба.
Ќе се создаде и посебен регистар на државни возила, што ќе овозможи точна евиденција за локацијата и употребата на секое службено возило.