31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЦиркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во последните денови, јавноста со големо

<

внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата за политичкото влијание врз образовните институции. Иако приказната беше претставена како лична и професионална неправда, зад неа се кријат години на контроверзии, сомнителни сертификати, кривични пријави и политички игри кои ја обележуваат локалната сцена.
Во продолжение ја прикажуваме објавата на Фуркан Салиу

Го следам циркусот со директорката на училиштето во #ДемирХисар… Каков идиот испадна началникот – сите видовме, но јавноста не е доволно запознаена со тоа што се случува веќе три години таму.
Иако добро ја изигра улогата на жртва директорката Маја #Лозановска, некои прашања треба да добијат одговор.
Откако #ВМРОДПМНЕ победи во скоро сите општини, таа беше разрешена и беше именувана нова директорка.
Директорка која немаше положено испит. Лозановска и #СДСМ, кои тогаш беа на централната власт, правеа сè за да нема испити, за да не се сменат нивните директори.
Што е најтрагично, Лозановска со години беше директорка со, во најмала рака, сомнителен #сертификат за англиски јазик каде што стоеше дека мајчин јазик и е босанскиот.
Ако го додадеме фактот дека во 2019 година има кривична пријава за злоупотреба на службената положба, ќе ви стане јасно дека ова е само лош филм со слаби актери.
Не навлегувам во тоа дали е навистина болна и дали ја третираат лошо, но тврдам дека таа на уште полош начин ги третираше своите колешки додека беше директорка.
А сето ова се случува затоа што нема јасни критериуми кој може, а кој не може да биде директор. Политиката решава за сè.Видео ТУКАhttps://www.facebook.com/share/v/1As87aBpBx/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...