14.9 C
Ohrid
понеделник, август 18, 2025
ПочетнаМакедонијаСакала да ја задуши со перница: Скопјанка се обидела да ја убие...

Сакала да ја задуши со перница: Скопјанка се обидела да ја убие бабата на сопругот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

<

На 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.

Додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши.

Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски се сретна со полициските службеници кои вчера спасија жена во водите на реката Вардар.

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката...

Вучиќ: Сите овие луѓе што палеа, демолираа, ќе бидат одговорни и казнети

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера вечер на Инстаграм изјави дека „Доаѓа време за одговорност“. „Сите овие луѓе што палеа, демолираа, ќе бидат одговорни и...

Кедев со скандалозна изјава: Има докази дека приватни болници оперирале без потреба, за профит

Во денешното издание на Стадион гостин беше реномираниот доктор, интервентниот кардиолог Сашко Кедев. Тој во емисијата обвини за докажани непотребни хируршки интервенции врз пациенти,...

Приведен татко од Свети Николе кој им се заканувал на сопствените ќерки

Вчера во 02:15 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 52-годишниот Т.Д. по претходна пријава дека им се заканувал на...