24.9 C
Ohrid
понеделник, август 18, 2025
ПочетнаМакедонија„Пецаков: Градот и спонзорите стојат зад ракометната тврдина - ГРК Охрид"

„Пецаков: Градот и спонзорите стојат зад ракометната тврдина – ГРК Охрид”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почнува ерата на РАКОМЕТНАТА ТВРДИНА!!!

<

ГРК Охрид на пригоден настан што се одржа синоќа на бродот „Армада“, го претстави тимот за сезоната 2025/26. За амбициите на охридскиот суперлигаш во новата сезона зборуваа градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески.

Градот заедно со спонзорите и помагателите ветува силна поддршка и врвни услови за работа, потенцира Пецаков. Од стручниот штаб истакнаа дека се свесни за високите очекувања и најавија силна работа за остварување на целите, а капитенот ја потенцира сплотеноста и добрата енергија помеѓу играчите кои се подготвени да дадат се да се исполнат амбициите – да се нападне ракометниот врв во домашното првенство и да се оди што е можно подалеку во Европа.

На промоцијата присуствуваше легендарниот ракометен тренер Лино Червар кој на ГРК Охрид му посака успешна сезона.

Во знак на благодарност ГРК Охрид на спонзорите и помагателите им врачи признанија кои ги додели спортскиот директор на клубот Славчо Ристески.

Охридската ракометна тврдина во сезона 2025/2026 ќе ја бранат:

Голмани:
Градимир Чаневски
Даниел Ѓорѓески
Бојан Блажески

Пивоти:
Иван Тасески
Владимир Бојаниќ
Николаос Лиапис
Ориол Реј Моралес

Леви крила:
Гоце Ојлески
Никола Ристески

Леви бекови:
Теимураз Орјоникидзе
Анте Иванковиќ
Стефан Петриќ
Дејан Кукуловски
Илија Трајчески

Средни бекови:
Ловро Јотиќ
Тилен Стрмлјан

Десни бекови:
Предраг Вејин
Давид Савревски
Никола Шипинкоски

Десни крила:
Дарко Ѓукиќ
Гал Цирар

Стручен штаб:
Борис Ројевиќ – тренер
Наум Бабачев – помошник тренер
Крсте Андоновски – помошник тренер
Зоран Георгиески – тренер на голмани
Андрија Њаради – кондициски трнер
Љупчо Атанасов – физиотерапевт
Димитар Спироски – физиотерапевт
Огнен Шешоски – доктор на екипата

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Продолжува малтретирањето врз мажите: Скопјанец физички нападнат од сопругата !!!

На 17.08.2025 во 09:00 часот СВР Скопје 40-годишен маж пријавил дека на 16.08.2025 околу 00.10 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром бил...

Левица оваа недела ќе го објави кандидатот за градоначалник на Скопје

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник...

Фрлил молотов коктел врз „Куќата на цвеќето“ каде почива Тито

Белградската полиција го уапси Г. М. (55) под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, дознава Telegraf.rs Мажот е уапсен по интервенцијата на...

Марија Стоилковска е лице со целосно оштетен вид, а дипломира на политички науки при ФОН

Марија Стоилковска, и покрај тоа што живее со целосно оштетен вид, испиша историја во македонскиот образовен систем откако дипломира на Факултетот за правни и...