18.9 C
Ohrid
понеделник, август 18, 2025
ПочетнаМакедонијаТрасата Требеништа–Ќафасан не се одвива според планот поради забелешки од УНЕСКО, вели...

Трасата Требеништа–Ќафасан не се одвива според планот поради забелешки од УНЕСКО, вели Николоски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека изградбата на новите автопатишта од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ се одвива според планираната динамика, со исклучок на трасата Требеништа–Ќафасан, каде работите се стопирани поради забелешки од УНЕСКО.

<

Николоски во гостување на Канал 5 телевизија нагласи дека и покрај двегодишно одложување оваа Влада успеала да започне со реална изградба на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола.

-Динамиката е согласно планираното, со едно одлагање од две години, од причина што тие две години од претходната Влада не беше изградено ништо. Ние кога дојдовме скоро и да немаше експропријација направено. Првото воведување во работа и на Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани и на Прилеп-Битола, беше во мандат на оваа Влада, но сега е динамиката добра и оди добро, истакна Николоски.

Во однос на автопатот Требеништа–Ќафасан, вицепремиерот Николоски посочи дека неговата изградба е дел од извештајот на УНЕСКО за Охридскиот регион, иако самиот регион не е ставен под закана.

-Останува прашањето со Требеништа-Ќафасан, имајќи во предвид дека изградбата на овој автопат и официјално беше во извештајот на УНЕСКО за Охридскиот регион, иако Охридскиот регион што не е во опасност, ова остана дел од извештајот, дополни тој.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава за 68-годишна жена од Берово – пронајдена ловна пушка во нејзиниот дом

Кривична пријава за жена од Берово – пронајдена ловна пушка во нејзиниот дом Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово поднесе кривична пријава против С.Т....

Почина таткото на пејачот Дарко „Даре” Илиевски

Пејачот Дарко „Даре“ Илиевски преку емотивна објава на социјалните мрежи ја соопшти веста за смртта на неговиот татко. „Почивај во мир, татко мој. Ти беше...

Втора жртва во несреќата на патот Битола – Ресен, загина 20 годишно момче од Охрид

Втора жртва од големата сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Ресен – Битола на еден километар после Макази во правец кон Битола....

Страшна сообраќајка меѓу Ново Село и Ботун – два автомобили и шлепер, има повредени

Страшна сообраќајна несреќа меѓу Ново Село и Ботун На патниот правец меѓу селата Ново Село и Ботун попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која...