15.9 C
Ohrid
вторник, август 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Кочани пронајде дрога.

Полицијата во Кочани пронајде дрога.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

<

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Исто така, на 18.08.2025 во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцaта од Виница. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле
пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.

Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски за лошата хигиена во Скопје: Владата не може да помогне доколку градоначалникот/ката не сака да соработува !!! (Видео)

Ситуацијата во центарот на Скопје е алармантна: Дали Владата може да помогне? Состојбата во централното градско подрачје на Скопје последниве денови се оценува како алармантна....

Трасата Требеништа–Ќафасан не се одвива според планот поради забелешки од УНЕСКО, вели Николоски

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека изградбата на новите автопатишта од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ се одвива...

Кривична пријава за 68-годишна жена од Берово – пронајдена ловна пушка во нејзиниот дом

Кривична пријава за жена од Берово – пронајдена ловна пушка во нејзиниот дом Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово поднесе кривична пријава против С.Т....

Почина таткото на пејачот Дарко „Даре” Илиевски

Пејачот Дарко „Даре“ Илиевски преку емотивна објава на социјалните мрежи ја соопшти веста за смртта на неговиот татко. „Почивај во мир, татко мој. Ти беше...