Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи на градските гробишта. Тие му ги кажале проблемите со кои се соочуваат, се пожалиле на притисоци. Имале забелешки и на постапувањето на институциите.
Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и сето тоа ни е дополнителен стрес“, рече мајка на загинато дете, а Мицкоски возврати: „Ова е слободна држава, сѐ што мислите да правите, да кажете, да објавите, сѐ што мислите, од мене имате поддршка“.
На ова мајката возврати: „Од вас можеби имаме поддршка, но на претходниот Марш имаше луѓе што сакаа да дојдат од Штип, од Виница, но кај ‘Национал’ се сопрени, претресни и е правено претрес. Тие не се убијци, атентатори…“
„Секој кој што сака да се прилучи и да даде поддршка, ја има мојата поддршка, секој, еве јавно кажувам, пред камера овде. И никој нема право ниту да ве претресувани ниту да ве легитимира, надвор од законот“, рече Мицкоски.
На гробиштата, Мицкоски беше придружуван од пратеникот Миле Лефков, кој досега, не се приклучи на ниту еден Марш на родителите, иако беше повикуван. Тој е единствениот пратеник во македонскиот парламент кој доаѓа од Кочани. Видео ТУКА