25.9 C
Ohrid
петок, август 22, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Граѓаните се ислеуваат од Македонија поради брзите кредити и казината

Мицкоски: Граѓаните се ислеуваат од Македонија поради брзите кредити и казината

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нови законски решенија за игрите на среќа и брзи кредити, најави премиерот Христијан Мицкоски од Кочани. Првиот се однесува на новиот закон за игри на среќа, кој ќе донесе значителни измени, а вториот се фокусира на брзите кредити. Мицкоски истакна дека има сериозни сомнежи дека овие компании се појавуваат во близина на казината, што создава значителни проблеми за граѓаните, кои често се принудени да користат вакви услуги поради финансиски тешкотии. Премиерот додаде дека многумина од овие корисници решаваат да ја напуштат Македонија, што претставуваат негативен ефект за државата. За да се спречи понатамошен негативен развој, Владата планира да предложи ново законско решение, кое ќе има за цел да ја заштити здравата нација и да ги подобри условите за живот во земјата.

<

,,Јас најавив како влада работиме на два проекта. Едниот е новиот закон за игри на среќа, каде што ќе има огромни измени, а следен проект е токму ова. Бидејќи некако случајо до оние апаратите, односно казината кои што ги гледаме никнуваат ваков тип на компании за брзи кредити. Дали е тоа случајно, јас сум убеден дека не. Најголемиот дел од граѓаните кои што во суштина имаат финансиски проблеми, а дел и од нив одлучуваат да одат надвор од Македонија, се токму тие кои што се корисници на ваков тип на услуги. Така да многу внимателно го следиме процесот и многу скору ќе излеземе и со такво законско решение. Затоа што мислиме дека иднината не треба да биде во таа насока, на една држава и здрава нација како што амбицира да создаде оваа влада.“, рече Мицксоки

Според Мицкоски, оваа практика има негативен ефект врз граѓаните со финансиски проблеми и создава притисок врз здравјето на нацијата. Новиот закон ќе има за цел да спречи понатамошен раст на овие компании и да ги заштити граѓаните од негативните последици.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас. ...

„Занаетчиството – стара вештина со нова моќ за економијата

Збор два за занаетчиството За раздвижување на локалната економија потребни се гранки кои ќе ја задоволат корисноста на граѓаните со што услугите ќе бидат достапни...

Две 16-годишни ученички од Кичево загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Двете 16-годишни ученички, Ериона Рамадани и Албина Абази, од Школото за средно музичко образование „Дрита“ во Кичево, го загубија животот во сообраќајна несреќа со...

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец во Охрид.

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ во Охрид, после децениски проблем жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување. Наредната фаза...