12.9 C
Ohrid
вторник, август 26, 2025
ПочетнаМакедонијаШукова: Трајно решение за бездомните животни ќе биде дел од мојата програма...

Шукова: Трајно решение за бездомните животни ќе биде дел од мојата програма за Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денес оствари средба со активисти за заштита на животни, со цел да најде трајно решение за проблемот со бездомните животни во градот.

<

Верувам дека ова е прашање на цивилизациска зрелост – наместо привремени мерки, потребен е систем што ќе функционира 24 часа,“ истакна Шукова. Таа најави зголемување на капацитетот на стационарот „Лајка“ и воведување на постојана деноноќна служба, со цел грижата за животните да не зависи од работното време.

Покрај тоа, Шукова најави воспоставување на комунална полиција под капа на Град Скопје, која веднаш ќе реагира на терен и ќе санкционира несовесни сопственици и злоупотреби. „Само со контрола и доследна примена на законот можеме да имаме трајни резултати,“ подвлече таа.

Кандидатката за градоначалник нагласи дека ќе ги прифати најдобрите предлози од заедницата на љубителите на животни и заедно со институциите и граѓаните ќе создаде систем што ќе биде хуман, одговорен и ефикасен.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Охрид организира превоз за Скребатно по повод Успение на Пресвета Богородица

По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2025 г. (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде се одржува...

Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски. Ивановски објасни дека пругата Скопје-Кичево ќе биде...

Божиновска: Од 1 септември Законот за возила ќе се применува според европските стандарди

По 17 години, Законот за возила конечно ќе почне правилно да се применува. Од 1 септември 2025 година стартуваат измените во постапките за одобрување...

Притвор за таткото кој тепаше 15 годишни фудбалери на натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со...