20.9 C
Ohrid
среда, август 27, 2025
ПочетнаМакедонијаТешко повредена жена вo Скопје- Маж ја удрил во главата со гајба...

Тешко повредена жена вo Скопје- Маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда.

<

Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата.

Жената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, јавниот обвинител побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост: забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бомбакис се откажува од јавниот живот: Има работи кои не смеам да ги кажам јавно – последиците кон мене и моето семејство се големи.

Познатиот инфлуенсер Бомбакис, кој преку пораки испишани на картон ги пренесува најреалните ставови за општеството во кое сите ние живееме, по се изгледа се...

Ефто Пупиноски по кавгата со Јанчев и Силјаноски: „Господине Спасен – ни нема спас!“

По јавната расправија помеѓу Митко Јанчев и Спасен Силјаноски, со свое обраќање се јави и познатиот пејач Ефто Пупиноски. Со силна и критичка порака,...

Уапсен припадник на Интервентна полиција, давал поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје,...

Митко Јанчев изненаден од високото признание на Зеленски и Република Украина

Официјално, до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев не е стигната по дипломатски канали информацијата за доделувањето на државната награда „Орден за заслуги, трет степен“...