11.9 C
Ohrid
четврток, август 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЕфто Пупиноски по кавгата со Јанчев и Силјаноски: „Господине Спасен – ни...

Ефто Пупиноски по кавгата со Јанчев и Силјаноски: „Господине Спасен – ни нема спас!“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По јавната расправија помеѓу Митко Јанчев и Спасен Силјаноски, со свое обраќање се јави и познатиот пејач Ефто Пупиноски. Со силна и критичка порака, тој упати остри зборови и за колегите и за политичарите, но и за македонското општество во целина.

<

„Господине Спасен, ги почитувам твоите напори, ама пред сè требаше да се консултираш со мене – овие теми јас ги отворам уште пред половина век. Сум укажувал на решенија, сум се впуштал во оган и сум останувал сам. За тоа сум добивал навреди, сопки и клевети, а мојата фела ме нарече ‘незгоден’“, напиша Пупиноски.

Тој остро ја критикува македонската навика да се поддржува туѓото на сметка на своето:
„Нашите патриоти полупијани го вејат знамето и рецитираат ‘Македонијо во срце те носиме’, а потоа свршуваат на српска шунд музика и строго водат сметка македонските пејачи да не се збогатат. Нашите великани Христоски, Сариевски, Бадев, Илиева – умреа сиромашни, додека ‘ѕвездите од север’ беа преплатувани и обожавани.“

Пупиноски посочи и на неорганизираноста на естрадата:
„Ние како естрадна фела во Македонија официјално не постоиме. Немаме синдикат, немаме заштита, немаме законска регулација. Затоа никој не застана во одбрана на пејачите кога им беа откажани настапи во дијаспората.“

На крај, неговата порака е мрачна:
„Господине Спасен – ни нема спас. Најголемиот проблем е чипот во главата на македонскиот патриот.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи формира тим за донесување милиони евра од ЕУ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска ја претстави својата иницијатива за формирање на специјална Task Force единица која ќе биде целосно...

Бомбакис се откажува од јавниот живот: Има работи кои не смеам да ги кажам јавно – последиците кон мене и моето семејство се големи.

Познатиот инфлуенсер Бомбакис, кој преку пораки испишани на картон ги пренесува најреалните ставови за општеството во кое сите ние живееме, по се изгледа се...

Уапсен припадник на Интервентна полиција, давал поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје,...

Тешко повредена жена вo Скопје- Маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда. Делото го сторил...