Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска ја претстави својата иницијатива за формирање на специјална Task Force единица која ќе биде целосно посветена на искористувањето на европските IPA фондови.
Три години бев државен координатор за IPA фондовите. Знам како функционираат овие програми, каде се можностите и кои се луѓето во Брисел што одлучуваат за нив,“ истакна Османи.
Тој додаде дека од денес Чаир има тим со еден јасен мандат – да донесе милиони евра од европските програми директно во општината.
„Ова значи подобри улици, посилни училишта и побогата заедница. Чаир заслужува да биде директно поврзан со Европската Унија и ние тоа ќе го направиме реалност,“ порача Османи.
Со оваа иницијатива, Општина Чаир стапува на патот на локална европска интеграција, користејќи ги можностите што ги нудат фондовите на ЕУ.