19.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Ногачески оствари успешна посета на HVC Alkmaar, Холандија

Градоначалникот Ногачески оствари успешна посета на HVC Alkmaar, Холандија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Станува збор за современа фабрика за отпад или подобро кажано централа за производство на енергија ( топлина, електрична енергија ), во која како ресурс се користи отпадот.
Во оваа прилика ќе ви извстиме само неколку факти за постројката:
-постројката со постојната технологија е изградена во 1995 година ( за илустрација, Дрисла во Скопје почна со работа во 1994 година,а разликата во технологиите е неспоредлива )Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.
-во постројката се носи неселектиран отпад и истиот се согорува во специјални печки, на температура од 1.000 степени. Селектираниот отппад се носи во друга постројка ( која не ја посетивме ) , каде се рециклира;
-постројката произведува електрична енергија ( освен отпадот како ресурси ги користат сонцето, ветерот ), која се користи за потребите на постројката, а вишокот се внесува во електродистрибитивната мрежа, и топлинска енергија , која се користи за затоплување на дел од градот Алкмар. Од биомаса произведуваат гас кој се користи како погонско гориво за камионите за отпад. Она што останува како нус производ по согорувањето се користи за изградба на патишта и други градби;
-во постројката годишно согоруваат околу 500-600.000 тони отпад ( за илустрација во Југозападниот регион вкупното годишно количество на создаден отпад изнесува околу 56.000 тони);Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.
-од постројката не излегуваат никакви штетни емисии, освен пареа. Целокупниот процес се следи од посебен компјутерски центар, непрекинато 24 часа;
-постројката е лоцирана во самиот град Алкмар. Околу неа има бројни деловни и други објекти, а на 500 метри од неа се наоѓа стадионот на АЗ Алкмар.
– Ногачески посетата ја оствари самоиницијативно, со цел да погледне како функционира една постројка со најсовремена технологија на третман на отпадот. Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

<

П.С. Топло им препорачувам на експертите од Министерството за животна средина и просторно планирање да ја посетат оваа или друга слична постројка и целосно да ја сменат анахроната национална стратегија за управување со отпадот во Македонија.

Напиша Ногачески на својот Фејзбук профил..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...