9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Не е фер јас да земам 150.000 денари плата а народот...

Пендаровски: Не е фер јас да земам 150.000 денари плата а народот да трпи за леб!!!

spot_imgspot_img

Одлуката на Уставниот суд од пред два дена е поразувачка. Би сакал да ја искоментирам пред воопшто да стане предмет во јавноста, а треба да стане. Невкусно е мојата плата, од сегашните 93 000 да биде 150 000 или на премиер, спикер на Парламент, министри од сегашни 80 000, да изнесува 130 000, рече вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Според него, Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати. Кризата треба да ја носат сите подеднакво, укажа претседателот, а не да се зголемува платата на функционерите кога сите други едвај „крпат“ крај со крај.

Уставниот суд поништува еден член од Законот за плати во кој платите на функционерите се врзани со коефициенти. Јас имам коефициент 4,5, значи 4,5 просечни плати од по 32 000. И тоа важи за сите функционери. Од правен аспект Уставнот суд е во право, а од аспект на Кривичниот законик, непочитување на Одлука на Уставен суд е кривично дело. Но, јас сакам да апелирам до Владата да го промени тој дел од Законот за плати со додавање еден член. Во оваа ситуација кога велиме дека имаме кризи кои се мултиплицираат и се засилуваат, со овие цени на продукти, со оваа инфлација, војна во Украина и пореметени пазари, мене и на функционирети да ни даваш плата повисока за 50 – 70 проценти,… Правнички е коректно, но Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати и да каже, на пример, не мора нивниот или мојот коефициент да биде 4,5 или 3,5, нека биде два, истакна Пендаровски во гостувањето на „Трилинг“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...