18.9 C
Ohrid
вторник, мај 28, 2024
ПочетнаАвстралијаИзјава на Советот за верски прашања на Нов Јужен Велс и на...

Изјава на Советот за верски прашања на Нов Јужен Велс и на верски водачи

Изјава за медиуми

Вторник, 16 април 2024
Местата за богослужба се места за мир и молитва. Луѓето кои се собираат таму не треба никогаш да се чувствуваат загрозени или небезбедни, без оглед на нивната вера. Како верски водачи кои претставуваат разни верски заедници на Нов Јужен Велс, ние сме против сите облици на омраза и насилство.
Се молиме за жртвите и ги повикуваме нашите заедници да ја пренесат нашата порака на грижа и сожалување со сите.
Имаме доверба во нашата полиција и во службите за интервенирање, и имаме целосна
доверба во нивната работа. Полицијата никогаш не треба да биде напаѓана затоа што ја чува безбедноста на нашите заедници. Сцените што ги видовме после нападот се
неприфатливи за сите, а особено за верниците.
За верниците, религијата никогаш не е оправдување за насилство.
Ова беше многу тешка недела, но ние сме силна заедница во Нов Јужен Велс.
Ги повикуваме сите да бидат љубезни и да се почитуваат еден со друг.
Сега е времето да се покаже дека сме грижлива и обединета заедница.

Изјавата ја издадоа сите членови на Советот за верски прашања на Нов Јужен Велс:
• Пречесен Dr Michael Stead, Англиканска Црква, Диоцеза на Сиднеј
• Г-дин Gawaine Powell Davies, претседател, Будистички Совет на Нов Јужен Велс
• Имам Shadi Alsuleiman, претседател, Австралиски Национален Совет на Имами
• Dr Ali Al Samail, резидентен научник (шеик), Австралиски Ahl Al Bait Исламски Центар
Изјава за медиуми
Изјава на Советот за верски прашања на Нов Јужен Велс и
на верски водачи

• Г-дин Surinder Kumar Jain, потпретседател, Хинду Совет на Австралија
• Г-ѓа Monica Doumit, директор за прашања на јавноста и ангажирање, Католичка
Диоцеза на Сиднеј
• David Ossip, претседател, Еврејски Совет на Претставници на Нов Јужен Велс
• Пречесен Dr Steve Bartlett, директор за свештенство, Баптистички Цркви на Нов Јужен Велс и АПТ
• Пречесен Dr Manas Ghosh, свештеник во Uniting Church, Uniting Church во Австралија,
Синод на Нов Јужен Велс и АПТ
• Пречесен Dr Kamal Weerakoon, свештеник, Презбитеријанска Црква на Австралија
• Г-дин Darshan Singh Gill, старешина, Австралиска Асоцијација на Сиките (ASA)
(Gurdwara Sahib Glenwood)
• Пречесен Fr Christophoros Krikelis, канцелар, Грчка Православна Архидиоцеза на
Австралија
• Пречесен Ralph Estherby, национален директор/CEO на Chaplaincy Australia,
Австралиски Христијански Цркви
• Г-дин Darren Bark, копретседател, Better Balanced Futures (Faith NSW)
• Г-дин Murray Norman, CEO, Better Balanced Futures (Faith NSW)
• Пречесен Heather Joyce Topp, виш капелан и меѓуверски свештеник, Будистички Совет на Нов Јужен Велс
• Пречесен William Crews AM, Superintendent Minister, Ashfield Parish Mission
• Г-ѓа Katherine Xavier, член на Меѓуверската комисија, Католичка Диоцеза на Парамата
• Г-ѓа Monica Chahoud, претседател на Мелкитската Добротворна Фондација, Мелкитска Католичка Епархија на Австралија, Нов Зеланд и цела Океанија
Изјавата исто така ја поддржаа:
• Архибискуп Mar Meelis Zaia, Асириска Црква на Истокот
• Архибискуп Amel Shamon Nona, Католички Халдејци во Австралија
• Бискуп Antoine-Charbel Tarabay, Маронитски Бискуп на Австралија, Нов Зеланд и
Океанија
• Dr Rateb Jneid, претседател на Австралиската Федерација на Исламски Совети
• Г-дин Hafez Alameddine, претседател на Либанската Муслиманска Асоцијација

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Африм Гаши избран за претседател на Собранието на Македонија

Со 76 ласа за и 6 против, Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Против гласаа само пратениците од Левица.

Силјановска Давкова: На венецот сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска Давкова објасни зошто на венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија во Рим, не го...

Змија во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“

Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека институцијата е запознаена...

Гром удрил во авионот на македонските одбојкари

Враќањето на македонските одбојкари кои учествуваа на турнир од Европската златна лига во Белгија е пролонгирано, бидејќи вчера гром удрил во авионот за време...