15.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаРаботниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада

Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот – 1. мај.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.
Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати.

Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците.

Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.

Трендафилов посочува дека на 1. мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.

Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата.
Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.

На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани.

На Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание – Стопанска комора – Влада.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Ова е одлуката на скопскиот...

Врховен судија фатен со 10.000 евра !!!

Судијата во Врховниот суд Наќе Георгиев е приведен поради мито од 10.000 евра и е префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје, потврдија...

Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ!

Насловна / Македонија Објавено на: May 20, 2024 Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ! t Се уште актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава...

Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Со пригоден настан кој се одржа денеска, Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите. Упатувам голема благодарност и честитки до пожарникарите...