7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонија„Гордана Јанкулоска во Идризово џогира, чита книги и стоички се справува со...

„Гордана Јанкулоска во Идризово џогира, чита книги и стоички се справува со дискриминациите“, вели нејзиниот сопруг и адвокат

spot_img

Гордана Јанкулоска е во одлична психофизичка состојба, достоинствено и стоички се справува со сите малтретирања и дискриминации, вели нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски во емисијата 360 степени“ на ТВ Алсат.

Илиевски вели дека во затворот „Идризово“, каде што е на издржување на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“, Јанкулоска џогира секојдевно и се храни здраво, па затоа нема простор за грижа од тој аспект.
Тој додава дека тие како семејство имаат можност да се гледаат само три пати месечно во времетраење од еден час, а истата одлука е и за нивниот 4-годишен син.

„Мајка ми на 75 години мораше да упадне, практично таа се пресели кај нас и ја игра улогата на мајка. Морам да ги поздравам и да се заблагодарам на воспитувачките и учителките во градинката каде што оди, го прифатија како свое дете и свесни за тоа што му недостига во животот, се обидуваат и тие, на еден или на друг начин, да му го компензираат тоа со грижата што му ја даваат во градинка. Така што, се снаоѓаме“, вели Илиевски.

Тој вели дека Јанкуловска комуницира и со екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева која ги поднесе обвиненијата против неа.

Тие, како што рече Илиевски, се сместени во соби кои се една наспроти друга.

Гордана не е таков тип на човек, не ѝ дозволува домашната култура и воспитување да не комуницира со кого било, па вклучително и со Катица. Нормално, тие комуникации се за некои дневни потреби, прехранбени производи и нешто слично. Значи, нема комуникација во однос на обвиненијата. Гордана не би сакала да разговара на таа тема затоа што сега, пост фестум, што и да каже Катица е беспредметно и нема да смени ништо“, рече Илиевски.

Инаку, претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека Гордана Јанкуловска е дискриминирана од затворот Идризово.

Тој вели дека таа, како и екс премиерот Никола Груевски до сега до него немаат побарано помилување. Единствен кој побарал помилување од случајот „Тенк“ е поранешниот шеф на набавки во МВР, Ѓоко Поповски.

„Во Струга се знае, одиш само на спиење. Само Идризово е затвор во кој има женско одделение. Мажите кои отслужиле одреден дел од казната можат да се пишат жители на друга општина и да одат да издржуваат казна во друг затвор. А некои од тие затвори се од отворен тип, да не кажам туристички тип. Гордана Јанкуловска иако има одлежано две години до сега, од осудените четири, не може да побара преместување, затоа што нема женско одделени во друг затвор. Со одлежани 2,5 таа нема ниеден викенд добиено да го види своето дете. Меѓутоа тој тип на проблеми и дискриминација, не може да се реши со помилување кај претседателот. Тоа треба да се реши на системски начин и за други жени затворенички, да се променат прописите кои тоа го забрануваат“, рече Пендаровски.
Извор: 4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...