11.1 C
Ohrid
сабота, март 22, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

spot_img

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Foto

<

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Претседателските избори, според Државната изборна комисија, ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, акредитирани од ДИК.

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија. Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

Вчера, ден пред изборите, гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лица што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач кому му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Северна Македонија, кој, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Северна Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.

Вториот круг за пртседателските избори е закажан за две недели, на 5 мај.

Од независноста на државава на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги...

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...

Заедно со граѓаните градоначалникот Пецаков на Света Заупокоена Литургија за прерано згаснатите животи на 60 млади души во Кочани.

Денес во храмот Успение на Пресвета Богородица - Каменско, со нашите сограѓани присуствуваше и градоначаникот на Охрид г-динот Пецаков на Света Заупокоена Литургија, која...