7.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаСвет''Исто како во Македонија''- Поранешниот претседател на Иран денес чува овци

”Исто како во Македонија”- Поранешниот претседател на Иран денес чува овци

spot_img

Поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, и во времето на своето претседателствување на
работа одел со автобус, а неговата жена работела како чистачка во исламско училиште. Денес, живее од пл
на универзитетски професор во износ од 250 долари месечно и чува овци.
Во интервју за американската телевизија „Фокс Њуз“, на прашањето што си порачува кога ќе се погледне во
огледало, тој одговорил: „Во огледалото гледам човек и му велам: ‘Запомни, ти не си ништо повеќе од обичен слуга’.. Кога првпат влегол во претседателскиот кабинет, ги тргнал скапите персиски килими и ги подарил на џами во Техеран. На нивно место ставил обични, евтини теписи. Во извештајот за својот имот тој напишал дека поседува
автомобил Пежо 504 од 1977 година и стара куќа во еден од најсиромашните делови на Техеран, наследена од татко му.
Претседателот секој ден на работа носел постара торба во која бил спакуван појадокот што му го подготвува сопругата: неколку сендвичи или леб со маслиново масло и сирење.
Често им помагал на чистачите на улици во делот од градот каде што живеел и работел. Кога отседнувал во хотел, барал неговата соба да не биде со голем кревет, зашто не спиел на кревет, туку на под, на душек покриен со ќебе.
Во текот на неговиот мандат, секој нов министер морал да потпише документ дека ќе остане сиромашен, декам нема да се богати на сметка на државата и дека неговите сметки и сметките на неговите роднини ќе бидат
редовно проверувани.
Ахмадинеџад не примал ниту претседателска плата, велејќи дека целото богатство треба да ѝ припаѓа на нацијата, а негова работа е да ги штити и богатството и нацијата.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него,...