14.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПратениците не сакаат да прават нарко тест

Пратениците не сакаат да прават нарко тест

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите пратеници в понеделник да се тестираат за тоа дали користат дрога побараа денеска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Тие поднеса Иницијатива до собранискиот спикер Талат Џафери да создаде услови за да се спроведе тестот. Проверката бараат да биде на доброволна база.

<

За оваа инцијатива се објавените снимки од пратеникот Павле Богоевски на кои наводно се слуша како нарачува кокаин. Јавноста бурно реагираше на овие разговори коментирајки дека Богоевски врши кривично дело и не е достоен да биде народен избраник.

„Сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства“, коментираат од групата на 8темина.

Сите поголеми пратенички груpи првично го прифаќаат предлогот.

Тестови за пратениците вчера побараа од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ. Опозциската партија бара оставка од пратеникот и тврди дека тој е безбедносен ризик за државата.

– Павле Богоевски поседува Безбедносен сертификат и е во допир со класифицирани документи …. Значи Павле Богоевски има комплетен увид во функционирањето, опременоста, кадровската поставеност, методите за работа на безбедносните служби на Република Македонија. Оттука, постои силен сомнеж дека Павле Богоевски е лесна цел – што и се докажа со аудио материјалот објавен на интернет – да биде уценуван, поттикнат, или присилен, да сознанијата од класифицираните документи да завршат на црниот пазар!

Пратеникот Павле Богоевски денеска беше на работа во Собранието на настан поврзан со ЛГБТ заедницата, но изјава поврзана со скандалот не сакаше да даде. Тој размислува и дали во понеделник ќе ја води комисијата за мандатно имунитетни работи на која треба да се мрасправа за мандатот на Никола Груевски.

Јавното обвинителство вчера отвори истрага за идентетот на лицето кое ја објави „бомбата“ за пратеникот. Обивнителство најави истраги и за пријавата на Богоевски против таксистот за кој се сомнева дека неовластено го снимал, но ни за содржината на разговорот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...