4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГневни жители на Маџари: „Метла“ за градоначалникот на Гази Баба, не сакаме...

Гневни жители на Маџари: „Метла“ за градоначалникот на Гази Баба, не сакаме шприцеви и игли

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Срамота е ова што го прават. Ако ги донесат наркозависниците тука во фабриката, не ќе можеме од дома да излеземе. Не сакаме нашите деца да гледаат шприцови и игли секој ден“, порачаа револтирани жители од населбата Маџари од денешниот протест кој беше против дислокација на Центарот за зависници од Кисела вода во една од просторите на поранешната фабрика МЗТ.

<

„Нека најдат некоја ливада во Бардовци и нека ги сместат таму. Среде населено место да носат наркозависници, ќе биде хаос, ќе ни биде страв од дома да излеземе. Значи не ги сакаат во Кисела вода, па сега ајде да ни го донесат овде. Градоначалникот Борче Георгиевски нека не се прави глув, пет пати бевме во општината, не не прими. Ако не е способен нека си даде оставка и нека дојде некој кој го бива за таа работа“, изјави за „А1он“ Донка Димковска, жител на Маџари.

Жителите на Гази Баба , во знак на револт еден час ја блокираа главната улица “Перо Наков“ и со транспаренти во раце на кои беа испишани пораки „Да престане самоволието на градоначалникот Георгиевски”, “Стоп за отворање центар за зависници“, „Да се слушне нашиот глас“, упатија апел до власите да не се преместува центарот за зависници во Маџари.

„Некои одозгора таму си решиле зависниците да ни ги донесат тука без да не прашаат, ова е самоволие. Не сме револтирани само од градоначалникот туку и од “главатарите“ што си седат во фотелјите, почнувајќи од Заев. Градоначалникот е само маша на тоа што ќе го одлучат тие. Се знае, тој прави како што тие му кажуваат“, рече Милан Трајковски жител на Гази Баба.

Граѓаните од населбата Маџари и околните места собираа потписи кои ќе ги предадат до надлежните и ќе бараат да не се сместат зависниците тука. Доколку не се уважи нивниот глас, најавуваат порадикални протести.

„Имаме кучкарник, имаме канта пазар, депонија, сточен пазар, еве сега и ценар за зависници ни носат, уште тоа ни фалеше. Ако мислат дека ќе се откажеме, се лажат. Само за еден ден собравме огромен број потписи, ако тоа не е доволен доказ за нашиот револт, ќе преземеме и други чекори“, додаде жителка на Маџари.

Револтот на жителите на оваа населба следи откако министерот Венко Филипче, донел одлука центарот за зависници да се дислоцира од општината Кисела вода во индустриската зона во Маџари.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...