-0.1 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПАТАРИНИ: КАЈ НАС ГРАБЕЖ, ВО СОСЕДСТВОТО ПОПУСТ ЗА РЕДОВНИТЕ ВОЗАЧИ (ИНФОГРАФИК)

ПАТАРИНИ: КАЈ НАС ГРАБЕЖ, ВО СОСЕДСТВОТО ПОПУСТ ЗА РЕДОВНИТЕ ВОЗАЧИ (ИНФОГРАФИК)

spot_img

Македонија е една од ретките балкански земји каде што не е воведена месечна или годишна карта за плаќање патарина. Така, возачите што секојдневно патуваат од Тетово, Велес, Куманово, Гостивар или Гевгелија за Скопје треба да платат и по неколку пати повисока цена за користење на услугите на патиштата во споредба со соседните балкански земји. Во Бугарија, на пример, електронската вињетка за еден месец чини 940 денари. Со неа може да се патува со автомобил на било кој пат низ земјата, неограничен број на пати во месецот.

За разлика од Бугарија, еден граѓанин од Гостивар или Гевгелија треба да потроши неколку пати повисока сума за патарини во текот на месецот. „Мета“ направи пресметка колкави средства треба да издвојат македонските граѓани, доколку со својот автомобил треба секој работен ден да патуваат кон Скопје. Па така, доколку треба да се одработат деновите во јуни 2019 година, граѓаните од Гостивар ќе треба да потрошат фрапантни 5.320 денари за патарини за својот автомобил. Оние од Гевгелија, би требало да одвојат дури 6.840 денари, додека патарините во работните денови во јуни меѓу Скопје и Велес би чинеле 4.560 денари за еден автомобил.

Ваквите цени се повисоки и од другите соседни земји – Србија, Косово и Албанија. Косово во моментов нема воведено патарини, иако има два автопати – „Ибрахим Ругова“ кон Албанија и „Арбен Џафери“ кон Македонија. Како што се наведува во анализата на „Порталб“, граѓаните на Косово плаќаат патна такса во износ од 2.460 денари годишно при регистрација на возилата. Во соседна Албанија, патарина се плаќа на 110 – километри долгиот автопат кон Косово. Нејзиниот износ е 300 денари, но големи попусти се воведени за локалното население што живее крај автопатот и за возачите кои редовно ја користат оваа делница.

Па така, цената во еден правец за локалното население е 80 евроценти, односно еден граѓанин од Кукс со својот автомобил би платил 1.840 денари за месечно користење на автопатот кон Тирана. За редовните возачи, воведени се попусти од 10% за оние што 20 до 30 пати месечно го користат автопатот, при што намалувањата достигнуваат и до 40% од редовната цена за над 60 минувања на овој автопат месечно.

Цената на патарината и во соседна Србија е пониска од онаа во нашата земја. Идентично како и во Северна Македонија, услугата за користење на автопатот се наплаќа по километар. Од Смедерево до Белград, чие растојание е идентично на автопатот меѓу Скопје и Гостивар, се плаќа по 200 денари за едно патување во два правци со автомобил. Колку за споредба, патарините меѓу Скопје и Гостивар чинат 280 денари. Граѓаните што секојдневно во јуни би патувале меѓу Смедерево и Белград, за патарина ќе платат 3.800 денари, односно за 1.520 денари помалку од возачите кои во јуни секојдневно ќе одат на работа со автомобил од Гостивар за Скопје.

За разлика од Македонија, во соседна Србија може да се купи месечна и годишна картаза патарина. Износот на цената за еден месец се добива откако ќе се помножи цената на патарината за одредена релација со 40, додека за годишен билет се множи цената на патарината меѓу двата града со 400. На тој начин, локалното население добива можност да патува по уште пониски цени.

Конечно, патарините во Грција се најскапи за возачите што ги користат тамошните патишта. Меѓу Солун и Лариса, на 150 – километри долгиот автопат се плаќа патарина од 486 денари по автомобил во еден правец, односно за два и пол пати повеќе во споредба со овдешниот автопат меѓу Скопје и Гевгелија. Сепак, за локалното население што секојдневно патува се обезбедени големи попусти.

Па така, доколку сте граѓанин на Катерини и во текот на јуни треба да патувате на работа во Солун со својот автомобил, тогаш за патарина ќе платите само 2.860 денари месечно. Автопатот меѓу двата града е долг 70 километри, односно станува збор за растојание што е идентично на она меѓу Скопје и Гостивар. Сепак, граѓаните на овие два македонски града во јуни ќе треба да платат речиси двојно повисока патарина за својот автомобил во споредба со оние од Грција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автобус преагази крави на автопатот Скопје Тетово !!!

Бизарна сообраќајна несреќа се случила доцна попладнево – автобус удрил во стадо крави кое слободно се движело на автопатот Скопје-Тетово, објави ТВ21.   Засега нема информации за...

ГРУБИ БИЛ ЗАВЕДЕН КАКО ПЕШАК НА „БЛАЦЕ“ ОТКАКО ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ ПРОВЕРИЛЕ ВО СИСТЕМОТ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ЗАДРЖАТ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот...

Илире Даути повторно го блокира Законот за бранители

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути денеска повторно ја прекина седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара како...

На денешен ден во Небрегово пред 103 г. е роден Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски дејци, писател, поет и научник

На денешен ден, пред 103 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет...