8.6 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе се први скрининг на учениците, најави Филипче

Ќе се први скрининг на учениците, најави Филипче

spot_imgspot_img

Во наредниот период ќе се прави скрининг на состојбата со ковид-19 во училиштата за што учениците ќе се тестираат со брзи антигенски тестови, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скринингот на тестирање на учениците во основните и средните училишта. Факт е дека има одредена трансмисија, многу мала, меѓутоа сакаме да направиме еден скрининг на состојбата поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители. Дозволете детали за овој пристап, за методологијата, да кажеме во следните денови заради тоа што бара одредена подготовка во однос на согласност на родителите итн.“, рече Филипче.

Тој вели дека скринингот ќе ги опфати повеќето од училиштата ширум државата, а со методологијата која се подготвува ќе биде познато колкава бројка ученици во одредени училишта ќе бидат тестирани, со цел да се добие релевантен репрезентативен примерок.

Покрај скринингот во училиштата, министерот најави и анализа во однос на високата смртност од ковид-19 во земјава. Оваа анализа, вели тој, ќе одземе повеќе време, но детално ќе се анализира здравствената состојба, затоа што 73 отсто од починатите биле со најмалку две хронични болести.

„Ќе ја анализира здравствената состојба на пациентите заради тоа што 73 проценти од пациентите кои починале според нашата сегашна анализира се пациенти кои имале најмалку две хронични болести. Ова бара еден детален скрининг на здравствената состојба на населението кај нас“, рече Филипче кој наброја дека тој скрининг ќе ги опфаќа претходната здравствена состојба на пациентите, типот на хронични болести, начинот на лекување, пристапот во редовноста во земање терапии, колку често се јавуваат на контролни прегледи итн.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...