22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Ако не е јуни, датумот ќе е во јули или во...

Пендаровски: Ако не е јуни, датумот ќе е во јули или во август или во…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот Стево Пендаровски очекува земјите членки на ЕУ да дадат согласност и земјава да добие датум за почеток на преговорите за членство.

<

Во однос на тоа дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни, Пендаровски вели дека постои една временска рамка која можеби германскиот Бундестаг нема да може да ја исполни за да даде согласност до 21 јуни, како битна земја членка за почнување на преговорите.

Тој потенцира дека станува збор за извесно техничко поместување на термините. Ако не биде решено до 21-ви јуни, смета дека можеби ќе биде решено почетокот на јули.

Не е јасно само дали ќе стигнат да дадат согласност. Инаку, политичката согласност на сите клучни и на сите останати држави на ЕУ за почнување на преговорите во 2019 година е тука. До овој момент ниту една европска држава нема кажано дека Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Ниту една европска држава, ниту еден европски државник досега нема речено дека Македонија не испорачала тоа што и беше домашна задача од минатиот Софиски самит на ЕУ, изјави Пендаровски по денешните средби во МО, додавајќи дека средбите на највисоките политички авторитети на ЕУ се од 17 до 21 јуни.

Според претседателот Пендаровски, ниту една европска држава не вели дека треба да се одложува почетокот на преговорите со ЕУ, во 2020 или 2021 година.

Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска додаде дека во претходните 12 месеци земјава успешно ги поминала сите скрининг процедури, подготвени сме за меѓувладината конференција и за преговорите.

Она што е важно во препораката за Република Северна Македонија не постои ниту една област што се смета како наша обврска. Не постои ниту едно алиби или оправдување за да не ги почнеме преговорите. Тоа покажува дека се што зависеше од нас, се што требаше да сработиме како држава, го испорачавме. Не заради ЕУ, заради нас и нашите граѓани, изјави Шекеринска.

Facebook781TwitterEmail

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...