21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов: Ќе го наградам Вардар со 6 милиони денари !!

Шилегов: Ќе го наградам Вардар со 6 милиони денари !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање  пречек на ракометната екипа Вардар по вчерашната победа на Ф4 турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.

<

Со оваа одлука, покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК Вардар во Скопје, кои треба да слетаат на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во 18:50 часот.

– По повод историскиот успех на градскиот клуб „Вардар“, предлагам Советот на Град Скопје да донесе одлука на ракометниот клуб „Вардар“ Град Скопје да му даде награда од 6 милиони денари. Од минатата вечер сум во контакт со управата на ракометниот клуб и успеавме да обезбедиме чартер-лет за клубот, кој ќе полета во 14:30, a ќе слета во 18:50 часот. Времето за слетување го координиравме за да се запазат сите безбедносни мерки околу состанокот на НАТО, за скопјани слободно да можат да присуствуваат на свечениот пречек. Со оваа одлука покрај наградата, ќе се подмират и трошоците за чартер-летот, како и сума од 2 милиони денари за организација на настанот – кажа градоначалникот Шилегов.

Шилегов потенцираше дека ова е историски успех и ги повика сите граѓани на Скопје, без разлика на нивната политичка, верска или национална припадност,  достоинствено да ги пречекаме европските шампиони. Дополнително, апелираше до сите навивачки групи и симпатизери на Вардар достоинствено да ги пречекаат ракометарите, со вистински навивачки песни без омраза, дискриминација и поделби, бидејќи спортот и Вардар се над политиката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...