8.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаСафдер Карим: Хаунзите се горди што се по потекло Македонци, а не...

Сафдер Карим: Хаунзите се горди што се по потекло Македонци, а не Грци !!

spot_img

Сафдер Карим

Сафдер Карим е Хунза од Пакистан кој работел како економист во неговата држава и во Дубаи, по што во 2012 година решил да го продолжи своето образование на универзитетот во Сиднеј.

Од каде потекнуваат Хунзите и Калашите и каде тие денес живеат?

-Народите Хунза и Калаш се наследници на Александар Велики. Големиот Александар беше крал на Македонија. Како негова војска ние се населивме тука, во Пакистан, и тука останавме. Но, ние сме негови наследници иако никогаш не се вративме во Македонија.

Како гледате на тоа што Грција, а не Македонија отвори културен центар во регионот каде што живеат Калашите и Хунзите?

-Во Хунза Амит нема траков центар. И ние нема да дозволиме отворање на таков центар освен ако не е македонски. Ние сме горди што сме Македонци и ние не сме Грци.

Какво е вашето потекло – грчко или македонско?

-Навистина сум сосема збунет кога Грците велат дека ние сме Грци. Александар беше Македонец. Затоа да ги расчистиме сите дилеми, нашите претци се Македонците, а не Грците. Грците навистина прават многу да не направат нивни, но ние никогаш нема да станеме Грци. Ние сме дел од македонската култура. Ние никогаш не се претпопивме во некоја друга култура. Во тоа, античко време не постоеше Грција, туку постоеше македонското кралство и неколку градови држави околу Атина.

На кој јазик вие зборувате?

-Во нашиот јазик има многу слични зборови со македонскиот јазик. Ние зборуваме на Бурушаки јазик. Овој јазик денеска во Пакистан го зборуваат само наследниците на Александар. Има многу работи што би сакал да им порачам на Македонците по светот. Пред се, сите треба да знаеме дека сме браќа и деца на еден татко, една култура, еден јазик, музиката ни е исто така многу слична. Ние не можеме да го смениме нашиот идентитет, никој не може тоа да го стори. Мора да постојат начини и можности како Хунзите и Македонците да се поврзат, да ги развијат односите… Има многумина кои сакаат да покажат дека сме Грци. На пример, не би било лошо секоја година одреден број на млади луѓе од нашите краишта да можат да студираат во Македонија и да го учат македонскиот јазик. И кога тие би се вратиле дома, тогаш ќе можат да го пренесуваат македонскиот јазик кај сите нас во Хунза. Има многу работи со кои можеме да ги подобриме нашите односи. Ние ги сакаме нашите браќа Македонци. Ние сме наследници на кралот Александар Македон. Време да покажеме дека сме единствени и да ги искористиме приликите и да ги направиме границите поблиски една на друга.

Зоран Ќосески
МКД.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...

Боксерот Крајевски си го одзеде животот на само 37 години

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живееше во Англија, се самоуби на свои 37 години. Крајевски бил познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу се борел...

Регистарските таблички на државните возила ќе бидат во боите на државното знаме

На 10 декември Владата на седница ќе го разгледува Правилникот според кој, државните возила треба да бидат препознатливи за јавноста по нивната црвено-жолта регистрација....