27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип

Пуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Долгоочекуваниот автопат Миладиновци – Штип од утрово без препреки. Возачите конечно можат да возат по автопатот долг 47 километри и тоа во двата правци.

<

Со ширина од 27м автопатот располага со две ленти за возење и една за застанување и тоа во двата правци. Преку овој автопат од главниот град до Штип ќе може да се стигне за возење од само 30 минути.

Без никаква свеченост и сечење ленти автопатот беше пуштен. Надлежните велат дека поважно било да понудат безбеден автопат отколку да организираат свечености.

Делницата почнува после клучката Миладиновци која има 9 крака, долга е 1,5 километри и се спојува со Коридорите 8 и 10. По автопатот има 7 клучки. Последната е „Три чешми“ каде е предвидено спојување со експресниот пат кој е во изградба Штип – Кочани.

Светлосната и звучна сигнализација е целосно поставена. Долж автопатот има челична одбојна ограда, поставени се знаците, како и мрежа за заштита од животни, звучни бариери, службени премини.

До Нова Година возачите ќе го возат бесплатно додека се изградат двете предвидени патарини. Една патарина на потегот Миладиновци –Свети Николе и уште една на потегот Свети Николе – Штип, за што се посочува и почитување на сигнализацијата.. Тендерот за нив ќе биде објавен за 10тина дена. Патарината кај Кадрифаково ќе чини 50 денари, додека кај Преод 70 денари. Директор на државни патишта Зоран Китанов најавува и други новини.

Нови цени ќе имаат новите патарини. Онаа кај Гевгелија која треба да биде готова за една недела ќе чини 100 денари, додека патарините кај Романовце и Стоби ќе бидат намалени и ќе чинат 1,5 односно 1 евро.

Моторџиите пак, ќе плаќаат поевтини цени за 20 денари. Цените ќе важат откако ќе стапат

Изградбата на автопатот Миладиновци Штип започна во 2014тата година и требаше да биде готов во март 2017тата. Но, тогаш тој беше завршен само 50%. По потпишување на нов анекс со Синохидро – изградбата конечно заврши во декември лани, а потоа се изведуваа и дополнителни зафати од страна.

Автопатот финално  ќе чини 177 милиони евра, или 3,8 милиони евра за километар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...