16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Тирана држан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Алабанија (ФОТО)

Во Тирана држан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Алабанија (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Тирана држан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Алабанија (ФОТО)

<

Во организација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија, во Куклениот театар во Тирана, синоќа се одржа првиот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Честа да го отвори фестивалот му припадна на Театарот „Скрб и утеха” од Скопје, а многубројната публика со посебно внимание ги проследи и настапите на КУД „Илинден“ од Струга, како и фолклорните групи „Браќа Мемишовци“ од Орешек област Гора, фолклорна група од Требиште, област Голо Брдо, како и фолклорна група од Пустец, Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области.

Македонскиот фолклор бил создаван и траел со векови. Тој ни овозможува да разбереме кои сме ние. Познавањето на фолклорот значи познавање на сите духовни и материјални богатства на народот.Живот на еден народ е претставен преку традиционалните носии, обичаите, ритуалите, приказните. Но, несомнено најмоќните, најизразените и најприродните алатки кои човекот никогаш не ги напуштил без оглед на времето, местото и возраста се народните песни и ора. Сценската изведба на народната музика создава нови културни перспективи. Токму со овој фестивал, се отвора можност за презентација на изворни и автентични содржини,-рече Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Тој посочи дека фестивалот не само што се одржа за првпат,туку за првпат една ваква манифестација е подржана од страна на албанското министерство за култура до кое упати голема благодарост за подршка, со убедување дека подршката ќе продолжи и фестивалот ќе стане традиционален. Овој значаен културен настан за Македонците во Албанија го поздрави Еранда Бедали, преставник на албанското министерството за култура, која ја нагласи определбата на Владата на премиерот Еди Рама за подршка на активностите на припадниците на етничките заедници во негувањето и заштитата на нивниот национален идентитет,култура и традиција. Со посебно внимане настанот го проследија и Атина Ничоска, советник во амбасадата на Република Македонија во Република Албанија и Арманда Хиса, директорка на Националниот центар за фолклор на Албанија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...