8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНова склуптура на Мајка Тереза во Скопје

Нова склуптура на Мајка Тереза во Скопје

spot_imgspot_img

Облечена во својата специфична бела облека со три карактеристични сини линии на рабовите, препознатливите брчки на лицето, погледот и насмевката и споените дланки… Мајка Тереза како буквално да оживеала во хиперреалистичната скулптура „Света мајка Тереза“, која ќе биде дел од поставката на нејзината Спомен-куќа во центарот на Скопје.

По повод историската посета на папата Франциск, во чест на Скопската бискупија при Римокатоличката црква, македонскиот скулптор и професор Жарко Башески ја збогати галеријата на Спомен-домот на добитничката на Нобеловата награда за мир и светица во католичкиот свет, Мајка Тереза, со нејзина скулптура изработена во реалистичен манир, карактеристичен за Башески.

– Скулптурата која ја оживеа професорот Жарко Башески поседува бесценета вредност за нас што работиме, константно ја градиме и пренесуваме приказната за Мајка Тереза. Реакциите што ги посведочивме од самите посетителите и убавите зборови се од големо значење, како и восхитот и воодушевувањето од реалноста и деталноста на скулптурата. Ова уметничко дело е од огромна важност за нас и сериозно ја зголемува привлечноста на понудата на Спомен-куќата на Мајка Тереза за идните домашни, но и странски посетители – вели Ариан Асланај, директор на Спомен-куќата.

За Башески се својствени изработките во реалистичен и хиперреалистичен манир, а еден од главните материјали користени и за ова дело е силиконот, кој во комбинација со полимер исклучително придонесува за реалниот впечаток на оваа скулптура, која отсега ќе биде дел од галеријата на Меморијалниот центар.

Жарко Башески е македонски скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и дел од Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Се вбројува меѓу најдобрите светски хиперреалисти, а покрај самостојните домашни изложби, неговите дела се дел од реномирани интернационални изложби во Европа и во светот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...