29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСОФИЈА Прванов: Бугарската борба за слобода ја создаде македонската држава, заедничката комисија...

СОФИЈА Прванов: Бугарската борба за слобода ја создаде македонската држава, заедничката комисија е осудена на пропаст

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Георги Прванов, поранешниот бугарски претседател, во гостувањето на националната бугарска телевизија БНТ изјави дека за проблемите околу личноста на Гоце Делчев било алармирано уште пред неколку месеци. Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија е осудена на пропаст.

<

Прванов вели дека е скептик на работата на комисијата, бидејќи немала јасен мандат. Тој како пример го дава договорот меѓу Грција и Македонија, во кој, според него, сè е запишано до секој детал.

Прванов бара да се разјасни што значи концептот на „заедничка историја” во договорот меѓу Софија и Скопје.

„Во Скопје мора да признаат дека македонската државност се создала врз вековната сила на бугарската држава. Бугарската борба за слобода доведе до создавање на македонската држава“, изјави Прванов и додаде дека Македонија треба да стане членка на ЕУ и НАТО, а за македонските медиуми вели дека ја повторуваат агресијата во однос на Бугарија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...