13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНеверојатната приказна за тоа како Пепси стигна во Македонија

Неверојатната приказна за тоа како Пепси стигна во Македонија

Пепси брендот е роден во 1898-ма година, многу пред Бијонсе, Бекам, Меси и останатите да го пијат со сласт на малите екрани. Производ на изумителот на Пепси, Кејлеб Брадам, пијалокот е омилен меѓу светската популација повеќе од еден век!

Превземено од Точка  https://tocka.com.mk/vesti/310284/neverojatnata-prikazna-za-toa-kako-pepsi-stigna-vo-makedonija

Во Македонија сепак, е дојден малку подоцна, во 1979-та, верувале или не поради еден судбоносен телефонски разговор. Имено, во мемоарите на Претседателот на управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски, запишана е ситуација од мај 1978-ма кога стигнува телефонски повик во неговата канцеларија: „Господине Самарџиоски, дали би биле љубезни да не примите мене и уште еден човек на состанок?“

Кирил Самарџиоски, 1981

Луѓето кои по неколку денови доаѓаат во Прилеп се Ричард Хајнрих, шеф на бирото на ПепсиКо за Југоисточна Европа во Виена, и Антун Халожан, менаџер на ПепсиКо за Југославија. Првите разговори за доаѓањето на големиот светски бренд во Македонија се правени верувале или не, во прилепски ресторан, каде високите преставници од ПепсиКо за прв пат во својот живот пробале прилепски ширден!

Очигледно, им се допаднал и разговорот и специјалитетот, бидејќи неколку месеци подоцна во луксузниот хотел Интерконтинентал Загреб е остварена нова средба, овој пат со потпретседателот на целата ПепсиКо компанија Херберт Лај, а на 19 април 1979-та во Прилеп е официјално потпишан договорот за лиценца со кој Прилепска Пиварница добива ексклузивно право за производство и полнење на пијалоците од ПепсиКо групацијата.

Кирил Самарџиоски и Херберт Лај, Прилеп, 19 април 1979

Во неверојатниот сплет на околности веројатно има и голема доза на среќа, посебно поради тоа што години отпосле, откако станале и добри пријатели, г-дин Халожан му открил на г-дин Самарџиоски дека судбоносниот повик од мај 1978-ма дошол по неколку неуспешни обиди да се најде партнер на ПепсиКо во Македонија. Американците се сретнале со повеќе други производители на пиво и пијалоци, но за среќа за Прилеп, ниту еден не ги исполнил очекувањата и критериумите на ПепсиКо.

Гледајќи од оваа перспектива, очигледно е дека треба среќа во бизнисот, но среќата може да донесе една фирма само до одредена точка, натаму се е знаење, умешност и истрајност. За квалитетот на Прилепска Пиварница говорат признанијата кои компанијата ги има добиено од светскиот гигант.

Прилепска ја слави 40 годишнината на Пепси во Македонија со десетици високи признанија од ПепсиКо групацијата. Бронзени, сребрени и златни награди за квалитет, како и највисокото признание – Chairman’s Circle of Champions, за врвни перформанси во работењето. Награда која е толку ретка, што Прилепска Пиварница беше единствената фабрика во Европа која ја доби таа година.

По 40 години и повеќе од 50 милиони долари инвестирани во Македонија за маркетинг и производство од Прилепска Пиварница и ПепсиКо, брендот на Пепси продолжува да биде исклучително силен чинител во македонската економија. Во тек е и наградна играза прослава на јубилејот, во која секој ден од овој месец еден купувач на Пепси добива по 40.000 денари, а на 1 јули сите недобитни учесници ќе учествуваат во извлекувањето на големата награда од 400.000 денари.

Високи преставници од ПепсиКо и Прилепска Пиварница ќе се состанат на 18-ти јуни за прослава на овие 40 години соработка и здравица за уште многу децении понатаму.

На Македонија навистина и се потребни вакви успешни приказни. Во надеж за тоа да ги има што повеќе во иднина, нека им е честита 40 годишнината на Пепси во Македонија!

 

 

 

 

 

Превземено од https://tocka.com.mk/vesti/310284/neverojatnata-prikazna-za-toa-kako-pepsi-stigna-vo-makedonija

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...