29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГрупа верници од Прилеп 17 години го посетуваат и помагаат манастирот Св....

Група верници од Прилеп 17 години го посетуваат и помагаат манастирот Св. Марина во Мала Преспа (ФОТО/ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Селото Туминец е едно од девет населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители. Група верници од Прилеп цели 17 години го посетуваат светилиштето кај Туминец, а нивната верба во Бог ги натерала да донираат и да собираат донации за овој манастир да ги добие сите потребни услови.

<

Во близина на селото Туминец во Мала Преспа, се наоѓа преубавиот манастир Св. Марена. Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука. Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниту една работа”. Во народната традиција сочувани се примери на пожари или громови во во топлите празнични денови изгореле жито, сено и домовите на луѓето кои го прекршиле празникот и работеле на празникот на Свети Марина.

Неодамна тие со помош на повеќе донатори успеаа да инсталираат фотоволтаични панели на конаците од манастирот, при што за прв пат беше донесена електрична енергија и светнаа манастирските сијалички. Не постојат зборови со кои може да се опише овој предел, бистрината на водата, недопрената и раскошна природа и чистиот како стакло воздух.

Oвој пат прилепчани во манастирот однесоа шпорет кој ќе се најде за манастирската слава. За да се уверите за каква убавина станува збор, ќе ве оставиме да уживате во видеото во продолжение. Прилепчани ќе бидат гости и за празникот на 30 јули, кога двајца од нив ќе бидат домаќини./www.markukule.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...