6.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаГоце Делчев во 1900: Не може да се надеваме на туѓа помош,...

Гоце Делчев во 1900: Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

 

„Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?… Треба да се просвети и организира народот, да се вооружи, да му се влее вера во неговите сили – да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата – да му се отворат очите.“

(Гоце на Даме во 1894 год.)

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“

(Гоце до Каранов, 17.10.1895 год.)

„Ние, знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да им дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да командувате оттука за да нè внесете, како што се обидовте лани, во игра на востание. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе распален и делумно вооружен. Тој може да се поведе по измамата, а тоа ќе го чини реки крв и планини од трупови. Ние нема да го дозволиме тоа. Не, крвта на народот е скапа и не сакаме да ослободуваме трупови, ами жив народ, за да живее и расте.

Гледам дека вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат и да ја остават внатрешната револуционерна организација да организира, да раководи, да решава. Ние сметавме дека од вас, од Комитетот и емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари.“

(Гоце на врховистичкиот генерал Николаев, февруари 1896 год.)

„Кој знае дали има народ кој толку многу да трпел од своите синови изроди, како македонскиот…“

(Г. Делчев до Н. Малешевски, 22.4.1897 год.)

„Ќе удри утринската зора и за нас…“

(Г. Делчев до Н. Малешевски, 4.4.1897 год.)

„Кога и да е, и нашиот петел ќе пропее, па тогаш сè ќе биде во ред.“

(Гоце до Н. Зографов, 7.7.1898 год.)

„Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме однатре – во душата секој селанец да се проникне под таа идеја, сè да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашата работа.“

(Г. Делчев до Иван Анастасов-Грчето, 1900 год.)

„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!“

(Гоце на собранието во Софија, март 1901 год.)

„Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа „помош“ создадената состојба на работите внатре; таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии… Повторувам, ударот ќе биде страшен!“

(Гоце на собранието во Софија, март 1901 год.)

„Ние живееме духовно сврзани еден со друг, нè сврзува заедничкиот долг кон нашиот поробен народ, кому што доброволно сме му се зарекле да му служиме.“

(Гоце на раководителите од Костурскиот и Леринскиот револуционерен реон, јануари 1902 год.)

„Никогаш не заборавајте дека ние не си припаѓаме себеси. Нашиот живот веќе е пожртвуван пред олтарот на делото, и кој од вас ќе го загуби тоа сознание, тој престанува да биде револуционер. И така, нека не се плашиме од смртта. Каде и да нè најде, да ја пречекаме со презир и да ја победиме!“

(Гоце на раководителите од Костурскиот и Леринскиот револуционерен реон, јануари 1902 год.)

„Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух…Само ако тукашната организација (Врховниот комитет) го одобрува духот на Внатрешната организација и не се стреми да ѝ дава импулс, влијание, т.е. не се меша во нејзините работи, само во таков случај може да постои врска меѓу тие две организации… Делегатите на Тајниот револуционерен централен комитет имаат цел не само да ја поддржуваат врската меѓу двете организации, но и да одбиваат посегнување на тукашниот Врховен комитет по тајната организација во Македонија и Одринско.“

(Г. Делчев пред VIII вонреден конгрес на Македонско-одринските друштва во Бугарија, одржан на 7.4.1901 год. во Софија)

„Ние нема засега уште да се исправаме гради со гради пред големиот и многуброен непријател како пред некој воз. Но, ние сме толку силни, иако сме помалобројни, да му развртиме повеќе бурми, та тој да се истури и да падне. Низ такви акции ќе го креваме борбениот дух во народот, ќе ја кршиме силата на Отоманската Империја и ќе го убедуваме народот во можноста да води победоносна војна против многубројниот непријател.“

(Гоце на жителите на Банско, декември 1902 год.)

„Ако досега имаше ризик за нашиот живот, во иднина тој ризик ќе биде многу поголем. Ќе треба да се умира за слободата на татковината.“

(Г. Делчев пред своите борци на 6.2.1903 год.)

„Ах, момци, рани…“

(Последни зборови на Г. Делчев, Баница 4 мај 1903 год.)

Според изданието „Гоце Делчев“ од Христо Андонов-Полјански, Истарска наклада, Пула, 1985

Извор мкд.мк
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка битка за живот: Готвачот од Канал 5, Антонио Јанковски бара помош.

Готвачот кој учествуваше во кулинарската емисија на „Канал 5“ сега се соочува со сериозна здравствена борба, дијагностициран му е рак, а истовремено страда и...

Севдије Коџа разрешена поради фалсификуван сертификат по англиски од Бугарија.

Општата болница со проширена дејност Дебар, од денеска има нов директор, дознава „Слободен печат“. Досегашната директорка на болницата педијатарката Севдије Коџа е разрешена од...

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф.

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален...

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот...