19.4 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ТУТУН ВО ЉУБОТЕН

ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ТУТУН ВО ЉУБОТЕН

Скопското село Љуботен утрово се разбуди под полициска опсада. Специјалци бараа шверцуван тутун и машини за негова обработка. Мештаните тврдат дека работат само со домашен и обвинуваат дека некој сака да им го земе бизнисот.

Од магацинот на Алил Ѓ Реџеповски денеска беа запленети 5 тони тутун. Тоа е трудот од цела година од кој се храни цело семејство вели Реџеповски.

„Околу 5 саат сабајле доаѓаат тука, ја скршија вратата, влегоа внатре… налог ми прават, телефонот ми го земаа. Тие направија многу проблеми денеска, ми земаа се што работев една година со деца со се.“ – вели Реџеповски.

Акцијата во Љуботен ја води финансиската полиција, поради сомнеж дека се криумчари непреработен тутун од сортата Вирџинија илегално од Србија, Бугарија и Грција. Тој тутун се носи на повеќе локации на црно каде со нелегални машини се преработува и продава, а продажбата не се евидентира никаде. Така тој тутун станува акцизно добро за кое никој не платил данок во овој случај вели директорот на финансиската полиција.

„Преку правни субјекти, тие ни се таргет на проверка, а не физичките кои за жал купиле од тие фирми одредена количина тутун која е недозволена да се продава, купува и реже.“ – Арафат Муареми од Финансиска полиција.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски застана на страна на жителите во Љуботен.

„Денеска од граѓаните на Љуботен сум информиран дека има полициска акција. Јас дојдов во селото и утврдивме дека акцијата ја спроведува финансиската полиција за собирање на нелегалниот тутун кои го имаат селаните во своите домови. Но јас со сигурност тврдам дека не е нелегален, туку е стекнат на начин преку работа на целата фамилија која го ниже цела година и за тоа се информирани сите институции во државата.Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите“ – изјави Смилевски.

Последците од нелегалниот ланец на тутун кој завршува во раце на македонските пушачи се штетни и по нивниот џеб и по здравјето.

„Во дел од примероците е детекртирано присуство на пестициди поточно Бифентрин, кој не е во продажба во нашата земја. Дополнително, нелегалниот режан тутун содржи катран во количини над дозволеното, кој самиот по себе е отровен.“ – изјави Ѓоко Танасоски, генерален директор на Царина.

Проценките на финансиската полиција се дека оваа и претходната година со криумчарење на тутун се прави штета врз државната каса од околу 7 ипол милиони евра. Инаку во Љуботен има околу 600 куќи во кои живеат 3000 жители кои главно се занимаваат со одгледување на тутун и бостан.

„Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни му должат големо извинување на Љуботен, ако не излезат јавно да излезат тоа значи да не ни се вртат веќе околу селото.“ – вели жител од Љуботен.

При денешната акција во десетина објекти беа запленети речиси 12 тони тутун и машини, кои се чуваат во касарната Ѓорче Петров.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...