13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаБорисов: Македонија нема да добие преговори со ЕУ во блиска иднина...

Борисов: Македонија нема да добие преговори со ЕУ во блиска иднина…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најавува дека Македонија и другите земји од Западен Балкан нема да добијат преговори со ЕУ во блиска иднина. Среде разговорите за избор на нови европски власти, коментирајќи дека Бугарката Кристалина Георгиева отпаднала од трката за заменик на Федерика Могерини на местото висок претставник за надворешна политика, Борисов рече дека многу веројатно нема да има покана за земјите од регионот, а Бугарија не сака да биде обвинета дека токму таа го попречува проширувањето, пренесува телевизија АЛФА.

<

-Многу е веројатно земјите на Западен Балкан да не бидат поканети. И тогаш – Косоварите, Албанците, Македонците, Србите… ќе речат дека заради Бугарката не добиле покана, изјави Борисов во Брисел.

Пред крајот на неделава во полскиот Познањ ќе се одржи Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес започнат пред пет години од германската канцеларка Ангела Меркел. Канцеларката, која и самата ќе присуствува на Самитот, повтори дека регионот има европска перспектива, но дека патот е долг и исполнет со камења

-Денес состојбата во Западен Балкан е мирна, но има предизвици кои треба да се решат и потребно е да се исполнат условите за да се подготват земјите за влез во ЕУ. Патот е се уште трнлив, оценува Меркел.

Големо прашање е дали на Самитот во Познањ ќе се случи нешто друго освен повторувањето на заложбите за европска интеграција на македонското соседство, a нашата земја речиси извесно ќе чека барем до октомври за евентуално да добие датум за преговори. Сепак, иако постојано се повторува дека заради европските избори и песимизмот во неколку важни европски центри, процесот на проширување е блокиран, во пракса се покажува дека блокадата не важи за сите. Србија пред неколку дена го отвори поглавјето девет во преговорите, а влегува во процесот на ревизија за поглавјата 23 и 24, што е јасен показател дека сериозно напредува кон ЕУ и во овој условно кажано, период на стагнација за регионот. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев во повеќе наврати потенцираа дека земјата мора да добие датум до октомври, бидејќи во спротивно во прашање ќе биде доведен кредибилитетот на Унијата, додека шефот на дипломатијата Димитров дури порача дека неуспехот годинава би значел и крај на македонските евро интеграции, анализира АЛФА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...