2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Кочани вака го одбележуваат 1-ви април? Од болницата му кажале дека...

Во Кочани вака го одбележуваат 1-ви април? Од болницата му кажале дека неговата мајка починала а таа била жива.

spot_imgspot_img

37-годишниот Благојче Дончев од Кочани пред два дена доживеал вистински стрес, откако му било соопштено дека неговата мајка починала во болницата во Кочани, по неколку часа откако пристигнал со погребална кола му соопштиле дека мајка му е жива.

Дончев за Телма раскажува дека неговата 58-годишна мајка Јаворка Дончева има тешки здравствени проблеми, по два преживеани мозочни удари, откако и се влошила состојбата веднаш повикале брза помош. Попладнето се јавил во болницата, а од другата страна на слушалката некој му соопштил дека е веќе почината и да се подготват за нејзиниот погреб.

Во меѓувреме Дончев ги известил роднините и пријателите, купил свеќи, ковчег, а направени се и некролозите

Неговата мајка е лоцирана на интерното одделение, каде што е хоспитализирана и добива медицински третман.Благојче тврди дека некој од болницата му препорачал погребен оператор и му дале визит карта, но тој ги одбил и повикал друг. Од погребалното претпријатие кое подготвило се за погребот велат дека неколку пати имаат реагирано дека во оваа битка за починати се делат пари на вработени, кои форсираат одредени оператори. Писмено го имаат известено раководството на болницата, а и полицијата, објави Телма.

Директорот на болницата, Александар Серафимов информира дека случајот веќе е пријавен во полиција и во тек е истражна постапка. Тој вели дека претпладнево вработени од болницата веќе имаат дадено исказ во полициската станица.

Истрагата треба да открие, кој стои зад целиот случај со лажната вест за смртта на Јаворка Дончева.

Прилогот на ТЕЛМА, погледнете го во продолжение:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...