28.9 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаЗабава6-годишно дете го спасило бракот на своите родители со само едно прашање

6-годишно дете го спасило бракот на своите родители со само едно прашање

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

“Мамо, морам ли да се венчам?” – ваквото прашање ѝ го поставил 6-годишниот син на својата мајка, блогерката и Јутјуберка Џоен Вендити, без да знае што истото би можело да предизвика. Имено, токму тие зборови ја поттикнале младата мајка да размисли.

<

На својот блог напишала дека прашањето на нејзиниот син најпрвин предизвикало страв во неа и се прашувала што е тоа што е лошо во нејзиниот брак – и дали нешто воопшто е лошо.

“Не, не мораш да се венчаш. Можеш да правиш што сакаш, ние само сакаме да бидеш среќен”, одговорила Џоен, на што тој со олеснување одговорил: “Ок, добро! Имено, не сакам постојано да се карам со некого”.

Во тој момент, блогерката сфатила колку нејзиното пасивно-агресивно однесување и однесувањето на нејзиниот сопруг влијаело на нивниот син. Тие се карале за секоја ситница и глупост, а честопати атмосферата во домот била ладна. Поради тоа, мајката на четири деца ги зела работите во свои раце и направила “ревизија” на изминатите неколку години: веридбата, венчавката, спонтаните абортуси, проблемите на работа, здравствените проблеми… Тие проаѓале заедно низ сето тоа, меѓутоа нивната врска страдала.

Разговарала со сопругот за проблемот и двајцата веднаш се сложиле дека нешто мора да се промени – инаку нивниот брак ќе пропадне. Тие одлучиле дека повторно мора да се заљубат еден во друг: оделе на романтични состаноци и одвојувале време за себеси.

“Никогаш не ја изгубивме својата љубов еден кон друг, но сепак сега имаме сосема нова врска. Ги пополнивме пукнатините и ја изградивме врската врз нив”.

Нивниот син го забележал тоа и сега одлучил дека еден ден, сепак сака да се венча, напишала Џоен.

“Нашиот дом повеќе не е полн со кавги и викање. Сега разговараме, се смееме и сме позитивни настроени”, заклучила таа на својот блог.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...