14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗАЕВ-БОРИСОВ Нота нема да има, на Софија ѝ е укажано на содржината...

ЗАЕВ-БОРИСОВ Нота нема да има, на Софија ѝ е укажано на содржината на Преспанскиот договор

Бугарскиот премиер Бојко Борисов случајно и ненамерно ја направил грешката кога македонскиот претседател го именуваше како „северномакедонскиот политичар“ и „северномакедонскиот претседател“, оцени Владата додавајќи дека се работи за „голем пријател на Република Северна Македонија и ценет премиер на Република Бугарија“, се вели во одговорот на Владата на прашањето на МКД.мк за тоа дали е испратена нота до Софија, како што вети македонскиот премиер Зоран Заев.

Во соодветна комуникација која ја оствари Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со бугарската страна, беше посочена содржината на Преспанскиот договор и начинот на кој е договорено да се користат термините за нашата држава, со очекување дека и Република Бугарија ќе продолжи да ги практикува, како во духот на нашите пријателски односи, така и во интерес на целиот регион и пошироко.

Северна Македонија и Република Бугарија продолжуваат да соработуваат интензивно, поставувајќи амбициозни проекти и конкретни активности, кои треба да придонесат за продлабочување на добрососедските односи, и во тој контекст, да ја забрзаат нашата интеграција во Европската унија, за која Бугарија несебично ја дава целата поддршка“, се вели во одговорот на Владата.

Премиерот Зоран Заев на 10 јули најави дека ќе биде испратена нота до Бугарија по употребата на термините „северномакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“ од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Сараево.

„Секако дека ќе реагираме и ќе испратиме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија“, рече Заев по изјавата на Борисов.

Борисов по самитот во Сараево за бугарските медиуми изјави дека се сретнал со претседателот  Стево Пендаровски.

„Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кои ги кажа работите на најправилен начин. Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија“, изјави Борисов.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...