-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСамохрана мајка на четири деца од „Европска Македонија“: Лебот го ставам во...

Самохрана мајка на четири деца од „Европска Македонија“: Лебот го ставам во вода за да омекне за да можам да ги нахранам моите деца

spot_img

Шестчлено семејство од Тетово се прехранува со бајата храна, која им ја даваат од околните пекари, јавува телевизија „Телма“.

Ѓевреците и переците се тврди, па мајката Љатвије ги става во вода да омекнат, за да може да ги нахрани нејзините четири деца.

Таа вели дека ова им е единствената храна. Фрижидерот е празен, во него чува по неколку пакетчиња макарони, кои им го даваат соседите. Пари за да купи храна нема.

Без работа е, а нејзинот сопруг ги напуштил пред 5 години, за него вели ниту слушнала, ниту пак знае каде е. Единствено примање и е додаток за трето дете, пари со кои ја плаќа киријата за станот во кој живее.

Со Љатвије живее и нејзината свекрва, болеста ја врзува за креветот. Пред неа има еден куп таблети за разни болести. Побарала помош за туѓа нега, но веќе трета година нема позитивен одговор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...