27.9 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСрпски медиуми: Заев призна, Македонците присвојуваа туѓа историја

Српски медиуми: Заев призна, Македонците присвојуваа туѓа историја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Српската информативна агенција „Танјуг“ објави информација во која ги пренесува изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во интервју за грчката телевизија „Алфа“, дека Македонците присвојувале туѓе историја. Информацијата ја пренесе и РТС со истиот наслов.

<

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „Алфа“ изјави дека Македонците присвојувале светска, балканска и туѓа историја. Заев наведува дека се обиделе да присвојат туѓа историја не обрнувајќи внимание на соседите, пишува меѓу другото РТС.

Заев во интервјуто направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.

Оваа изјава предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите,изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

Академик Божин Павловски реагира на интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизја „Алфа“ во кое говори за македонската историја. Павловски смета дека ставовите на Заев и неговото гледање на историјата може да го разори целиот образовен систем и кој без тоа минува низ криза.

„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во државата што поседува изградени политички критериуми, треба да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ за тоа се над 70 илјади насловни книги и публикации…Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам“, реагира Павловски.

– Во минатотосо обидот да се промени и извитопери целата нашата историја, со преземањето на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи со кои сме опкружени и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – изјави Заев.

Во однос на Договорот од Преспа истакнува дека нашата земја има намера да ги исполни сите обврски.

– Во самиот договор има услови ако една од страните не ги исполни своите обврски, како постапува другата страна. Но, нашата намера е да ги исполниме сите обврски, секако или како две страни во договорот, но истовремено да гледаме уште повеќе напред од овој договор, вели премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...

Ние сме најзаслужни за автопатот Кичево Охрид, велат од СДСМ.

Автопатот Кичево–Охрид е најдобар пример за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги започнува проектите со цел само да се сликаат и да се пофалат, без основен...