11.9 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаСветОваа жена бара развод затоа што нејзиниот сопруг бил премногу добар: „Ми...

Оваа жена бара развод затоа што нејзиниот сопруг бил премногу добар: „Ми купува подароци и не се кара со мене“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Некоја жена од Арапските Емирати побарала развод од својот сопруг поради преголема љубов, грижа и внимание кој што тој ѝ ги давал.

<

Сопругот на својата сопруга ѝ помагал околу домашните работи, готвел, чистел, но сето тоа на жената почнало да ја гуши па затоа решила да се разведат. Ваков сопруг би посакала секоја жена, но изгледа на оваа жена тоа ѝ било премногу.

Таа на суд изјавила дека дека нејзиниот сопруг никогаш не се карал со неа ниту пак го повишил гласот.

„Никогаш не го повишил тонот на мене ниту пак ме одбил за нешто. Чувствував дека неговата преголема љубов ме гуши. Дури и ми помагаше околу чистењето на домот“ – изјавила жената.

Таа објаснила дека животот ѝ се претворил во пекол поради неговата претерана љубезност.

„Очекував некогаш да се искараме, но со мојот романтичен сопруг тоа не беше возможно. Тој секогаш ми простуваше и ќе ме опсипуваше со подарци“ – изјавила.

Мажот смета дека не направил ништо лошо: „Сакав да бидам совршен и внимателен маж“ – изјавил тој.

Таа некогаш му замерила дека се здебелил па тој почнал со диета и вежбање за повторно да изгледа добро.

Мажот на крајот побарал од судот да ја советува неговата жена да се откаже од разводот, а судот го одложил случајот и на сопружниците им дале шанса за евентуално смирување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра, најави денеска премиерот Христијан...

Охриѓанец лажел дека е киднапиран, па барал пари од фамилијата за да го “ослободат” !

(33) годишен охриѓанец испратил порака дека е грабнат, но се работело за лажно киднапирање. Тој тврдел дека е киднапиран и барал откуп од брат...

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина !!!

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги...

Унеско бара охриѓани да ги скријат клима уредите сателитските антени и соларните системи !!

Охриѓани од старото градско јадро ќе треба да сокријат илјадници сателитски антени, клима уреди, сончеви колектори, фотоволтаични панели и светлечки реклами до крајот на...