14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПрвачињата во Струмица го научија првиот збор, а тоа е зборот ''Штрајк''

Првачињата во Струмица го научија првиот збор, а тоа е зборот ”Штрајк”

Вработените во основните и средните училишта во Струмичкиот регион денеска штрајкуваа и не одржаа настава на првиот ден од новата учебна 2019/2020 година.

Одлуката на СОНК за предупредувачки штрајк се почитуваше во сите училишта во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Имаше исклучок кај одделенски наставници кои ги примија првачињата, а некаде наместо наставник ги прими директорот на училиштето, вели претседателот на Регионалниот синдикат на СОНК, Никола Џорлев. Вработените беа на своите работни места, во училиштата, но не ја почнаа наставата во училниците со своите ученици. Немаше ни многу ученици, некои дојдоа, некои не.

На денешната традиционална приредба за првачињата на која градоначалникот на Струмица ги поздравува и им посакува успешен старт на школскиот живот, имаше малку учителки кои ќе водат првачињата во оваа учебна година, повеќето останаа да штрајкуват во училиштата, а децата си дојдоа со своите родители.

„Бидете секогаш послушни, добри и вредни ученици. Внимателно следете ги вашите наставнички во нивното несебично дарување на знаењата. Бидете активни и отворени на секој час и секогаш извршувајте ги вашите училишни и домашни задачи. Само така ќе напредувате во вашето образование и ќе си ги отворате убавите патиштата на животот. Како што растете, така нека растат и вашите амбиции, еден ден да станете успешни и почитувани луѓе“ – им посака на првачињата градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Од утре наставниците започнуваат со реализација на наставната програма за новата учебна година. СОНК и МОН во месец септември ќе преговараат за покачување на платите. Доколку не се договорат, Синдикатот на СОНК најави дека на 1 октомври ќе започнат со генерален штрајк во сите основни и средни училишта на територијата на целата држава и ќе трае се до исполнување на нивните основни барања.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...