16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Обезбедивме нови униформи за полицијата

Спасовски: Обезбедивме нови униформи за полицијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, крајно одговорна. Имајќи го предвид законскиот делокруг на работните задачи – токму од квалитетот на нејзиното функционирање зависи и степенот, односно квалитетот на личната и правна сигурност и безбедност на сите граѓани, и на државата, во целост, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на затворањето на 16. Спортски игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат во Охрид.

<

Затоа, како што рече, неспорна е потребата од континуирана грижа за социјално и нормативно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници, односно на сите вработени во МВР.

Инаку на традиционалната спортско-рекреативна манифестација со меѓународно реноме на учесниците од Македонскиот полициски синдикат им се придружија и колегите од единаесет европски земји, како и челните луѓе на европското полициско синдикално движење.

Истакнувајќи го значењето на Македонскиот полициски синдикат за полициските службеници, Спасовски говореше за приоритетот што го постави актуелното раководство на МВР за унапредување на професионалниот статус на вработените во полициските служби преку концептот за подобрување на материјално-техничките услови за работа, но и подобрување на нивната социоекономска позиција.

„Само кусо ќе ги нотирам најзначајните активност. Прво, зголемување на платите на полициските службеници, но и на сите вработени во Министерството, што, пак, од овој месец и официјално ќе се реализира. Потоа, комплетно обновување на најважниот дел од материјалните средства за работа на полицијата, полициската униформа и опремата. Комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, потоа воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка. За оваа активност обезбедивме над 100 милиони денари. Во контекст на ова би ја споменал и реализацијата на проектот за санирање и реновирање на материјално-техничката инфраструктура, во чии рамки досега веќе се завршени над 33 објекти, за кои од буџетот на министерството се издвоени над 40 милиони денари”, посочи Спасовски.

Според него, континуирано ќе се работи на реално востановување на модерна, опремена, професионално подготвена, но и задоволна полициска служба, согласно сите европски полициски стандарди.

Честитајќи им на победниците во повеќето спортски дисциплини, но и на сите учесници во игрите за успехот и за залагањето, Спасовски додаде дека негувањето на спортскиот дух, натпреварувањето и дружењето, како и можноста за дополнителна размена на професионални искуства ќе бидат силни сојузници во професионалните предизвици и ангажмани на сите учесници на Спортските игри на членовите на Македонскиот полициски синдикат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...