20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСОФИЈА Експертите не се договорија за Гоце Делчев, средбите продолжуваат

СОФИЈА Експертите не се договорија за Гоце Делчев, средбите продолжуваат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Седмата по ред средба на мешовитата бугарско-македонска комисија за историските прашања завршии без особен напредок, но двете страни изразуваат оптимизам дека овие несогласувања можат да бидат надминати, јави БГНЕС.

<

Професорот Ангел Димитров, копретседавач на комисијата од бугарска страна, разговорите во Софија ги опиша како многу интензивни и полни со емоции. „Имаме многу длабоки разлики во толкувањата од минатото и, пред сè, на начинот на кој сакаме да ги решиме контроверзните прашања и да го минимизираме она што нè спречува да ги земеме најпозитивните нешта од минатото“, рече професорот Димитров.

Тој уште еднаш потенцираше дека договорот ја заложува идејата за заедничко минато на двата народа, како и заедничкото славење на историските личности од тоа минато. „Имаше напредок на претходните состаноци, но од последната средба се чини дека чувствуваме недостаток на подготвеност да преземеме чекори. За нас е многу важно да продолжиме да работиме во духот, не на компромиси, туку врз основа на договор што може да се постигне врз основа на разбирање на самите аргументи“, рече тој.

Наредната средба е закажана за во октомври.

Драги Георгиев, копретседавачот од македонска страна изјави дека не на секоја средба мора да биде постигнат напредок и дека целта на Македонија е да биде постигнат компримис.

„Не можеме постојано и на секоја средба да постигаме решенија и да има значителен напредок. Дебатите за време на овие два дена покажаа каде треба да бидат насочени нашите усилби. Верувам дека ова е една добра основа за наредбите средби, на кои повторно ќе ја разгледаме темата Гоце Делчев“, изјави Георгиев.

Тој смета дека Гоце Делчев треба да биде чествуван и од македонскиот и од бугарскиот народ и треба да стане мост на нашето добрососедство.

На ова бугарскиот колега додаде дека мостовите треба да имаат здрави основи.

Членовите во комисијата од македонска страна постојано ја бранат „позицијата на македонизмот“, изјави за бугарското Радио Фокус, професор Светлозар Елдаров. Тој објасни дека македонизмот е антипод на бугарската национална идеја, па резултатите од средбата во Софија за историските и образовните прашања меѓу претставниците на Бугарија и на Македонја завршила без договор за клучни прашања.

Професорот Елдаров изрази сомневање дека ќе има нова средба на заедничката ескпертска комисија во октомври во Скопје.

„На 11 Октомври е нивниот национален празник, Денот на народното востание, кое е востание против Бугарите, бугарското воено-административно управување во Македонија за време на Втората светска војна во 1941 година. На 23 октомври, исто така имаат национален празник – Денот на македонската револуционерна борба, односно основањето на бугарскиот македонски-одрински револуционерен комитет, а подоцна Внатрешната македонска револуционерна организација.

На 5 октоврми, исто така за нив е историски ден – почетокот на Кресненското-разловечкото востание , според нив македонско востание“, изјави професор Елдаров. Тој смета дека Договорот за пријателство е „ученички расказ“ зашто во него нема конкретизирања. Тој истакнува дека „историската вистина не подлежи на толкувања“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...