27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаВашингтон Пост“ тврди: Македонски бизнисмен ја хакирал страницата „Ветераните за Трамп

Вашингтон Пост“ тврди: Македонски бизнисмен ја хакирал страницата „Ветераните за Трамп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Страницата „Ветераните за Трамп“ на Фејсбук била хакирана од бизнисмен од Македонија, пренесува „Вашингтон Пост“. Биле потребни месеци за сопствениците да ја вратат контролата над страницата.

<

Станува збор за Фејсбук страница со над 100 илјади следбеници кои се претежно ветерани кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп. На страницата претежно се објавуваа вести поврзани со прашања за ветераните и конзервативни вести, се до март оваа година кога „Ветераните за Трамп“ била хакирана од бизнисмен од Македонија.

„Бизнисмен од Северна Македонија ја киднапирал страницата оставајќи ги Американците беспомошно да гледаат како таа работи под странска контрола“, пишува американскиот медиум.

Според „Вашингтон Пост“, откако страницата била хакирана, истата продолжила да функционира, меѓутоа поради тоа што веќе била под „надворешна контрола“, се споделувале поинакви вести и дезинформации кои довеле до недоразбирања.

Ветераните и активните членови на американската армија се популарен таргет на „фабриките на лажни вести“ кои што е обидуваат да ги манипулираат онлајн затоа што нивниот одзив на изборите е меѓу најголемите во САД.

Токму овој пример „Вашингтон Пост“ го посочува како еден од примерите во кои парите, политиката и дезинформациите остануваат прилично влијателни во онлајн просторот и во пресрет на претседателските избори во САД кои се закажани за идната година.

Планот за преземање на Фејсбук страницата започнал со навидум наивна понуда до администраторите на страницата, која ја испраќа некој кој се претставува како Андреј Спасовски и нуди објавување на реклами кои ќе резултираат со профит од десетици илјади долари годишно. Трансакциите кои ги понудил Спасовски требало да се вршат преку фирмата „Ад Брејк“ регистрирана во Куманово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...