4.8 C
Ohrid
недела, ноември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаЧудо од дете -Нов медицински шприц патентира 16-ет годишен Прилепчанец

Чудо од дете -Нов медицински шприц патентира 16-ет годишен Прилепчанец

Ученикот во втора година во гимназијата „Мирче Ацев“ –Прилеп , Сашо Јандрески, е еден од најмладите иноватори , кои на свои 16 години успеа да  патентира уникатен и специјален медицински шприц. Го нарече  „Јандреовиот шприц“ и синоќа, свој прототип го презентираше и го промовираше пред присустне во  сала во Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп : здравствени работници , фармацевти, ветеринари, лекари, медицинки сестри, професори од основните и средните училишта, раководители на здравствени установи, преставниците од локалната самоуправа, граѓани, сооученици и пријатели … и, доби пофални критики и големо воодушевување за неговата изворедена иновација и темелна промоција и силен аплауз

Станува збор за медицински шприц наменет пред се за заштитна на здравствените работнци,  кој не користи памук и алкохол, бидејќи самиот има во него,  и кој  после првото користење, иглата се закочува и нема можност да се користи повторно. Шприцот  е компактибилен и за венска и за мускулна терапијаи  и може да се направи од биоразградлива пластика со цела заштитита на животната средина од прекумерното користење на пластиката . Шприцот е уникатен и во начинот на дозирање

.„За  полесно се дозира има две мерни скали и тоа едната мерна скала е многу поретка, а додека другата е многу позачестена, односно на едната скала работиме со десетинки од милилитарот, а на другата скала со половинки од милилитарот.- истакна Јандерски презентирајќи ја својата иновација

„Јандреовиот шприц“ се состои од 3 основни дела : волуменската капсула, главата на волуменската капсула и притисочната рачка,сите подеднакво важни .

„ Мојот шприц употребува обични модели на игли кои и денес се употребуваат. Сите тие игли се со различна големина, знаете ја имате таа стандардна големина, тука главата на иглата е обоена со зелено и другите помали и поголеми димензии на игли.  Мојот шприц е компактибилен со сите тие големини на игли, а има само мала разлика кај притисочната рачка. Но, она што е најважно со овој иновативен медицински шприц е тоа што до 99 % е заштитен  здравствениот работник кој го употребува шприцот,бидјеќи нема контакт со пациентот. Но, и пациентот е заштитен од несакани инфекции при нанесување на памукот со алкохол,вадењето на иглата итн. “ нагласи младиот иноватор

Од економска гледна точка Јандрески истакна дека цената на „Јандеровиот шприц“  би била зе неколку проценти повисока од сегашните шприцеви,

„Но мора да земеме во предвид дека овој мој шприц ги замнеува сите претходни модели на шприцеви, доаѓа до заштеда на енормно големо количество на пластика и заштита на самите здравствени работници од Хепатит Б и Ц“- рече тој на презентацијата.

Идејата за создавање на ваков шприц доаѓа по неговот волонтирање во итните медицински служби, на одделенијата за педијатрија и хирургија при Општата болница “Борка Талески“ во Прилеп, во Црвениот крст како хуманист и активист, со што практичното ја согледал недоволната заштита на здравствените работници при користење на шприцевите, но и брзината во спасувањето на еден живот. Шпрциот пред се ефикасно би се користел и е наменет во областа на итната медицина и траоматологијата.

Свое мислење за оваа иновација дадоа и дел од здравствените работници присутни на презентацијата, но и професорите и директорите на здравствените устанои,како и тимот професори кои заедно со Сашо Јандревски 8 месеци работеа на оваа иновација:  проф. по македонски јазик и литература, Стефани Видеска , проф, Моника Јанкулоски, проф. Наташа Милеска Михајлоска, дипломиран професор на ПМФ Скопје, во областа наставна биологија.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој присуствуваше на презентацијата ја истакна важноста младите да создаваат,откриваат  и да се образуваат, бидејќи тие се двигатели и иднината на опшеството.„Затоа Опѓтината ги подржува овие креативн млади луѓе„-рече тој

Инаку,патентирањето на Јандреовиот медицински шприц се случи пред  еден месец во Државниот завод за индустриска сопственост. Интересно е што овој медицински шприц е и првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија после  25 години.

Автор на текстот

Превземено од http://radiopela.mk/nov-meditsinski-shprits-patentira-16-et-godishen-prilepchanets/

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...

ФОТО: Камион цистерна удри три возила во Кичево

Попладнево во Кичево на магистраниот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале камион и три патнички возила. Како што пренесува репортерот на ТВ21 камионот...

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку...

По обидот за убиство, Штекли го изгуби кучето – нуди награда од 200 евра

По обидот за убиство, Раде Трајковски Штекли доцна синоќа се огласи на социјалните мрежи. На неговиот профил на Инстаграм тој упати јавна молба со...