2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКАКО ТОА СНИМКИТЕ ОД ЈАНЕВА И БОКИ 13 СЕ НЕВАЛИДНИ А ОД...

КАКО ТОА СНИМКИТЕ ОД ЈАНЕВА И БОКИ 13 СЕ НЕВАЛИДНИ А ОД ГРУЕВСКИ ВАЛИДНИ??

spot_imgspot_img

Мозокот на случајот Рекет на распит во обвинителство. Боки 13 во понеделник ќе се соочи со обвинителката Вилма Русковска. Тој прв пат ќе влезе во салата за сослушување откако пред повеќе од два месеца заврши во притвор.

Осомничен е за примање награда и перење пари. Досегашната истрага не откри каде завршила сумата од 1,5 милион евра која Боки 13 ја зел од бизнисменот Орце Камчев. Од обвинителството велат дека во тек е финансиска истрага за потекло на имотот кој го поседува Бојан Јовановски.

Ден по распитот на Боки 13, во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ќе влезе и Катица Јанева. Поранешната специјална обвинителка, во вторник напладне ќе одговара на прашања од обвинителството за гонење криминал и корупција. Во период од околу еден месец, Јанева втор пат ќе седне пред обвинителката Русковска. Претходно беше повикана како лице од кое се бараат потребни информации – сега во својство на осомничена. Според истрагата на обвинителството, Јанева како специјален обвинител влијаела врз предметот Империја. Нејзиниот глас се слушна во разговори меѓу Боки 13 и Камчев, а ги објави италијански медиум.

За адвокатот на Јанева, тие снимки не можат да служат како докази во кривичната постапка бидејќи биле незаконски стекнати. Во емисијата 360 степени, адвокатот Ирена Фрчкоска, рече дека снимките од Рекет не треба да се поистоветуваат со разговорите кои СЈО ги користи како доказ во постапките.

Исказите на Боки 13 и Јанева доаѓаат по два месеца откако беше отворен случајот Рекет. До сега, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повика 10-тина сведоци. Пратеници, Раководството на Меѓународниот сојуз на Јовановски, обвинители од СЈО, бизнисмени – одговараа за поврзаноста со обвинетите во Рекет.

Но кога сме кај поранешниот премиер Никола Груевски, сите нелегално стекнати снимки за судивката Кацарска беа легални, и тоа беше доволен доказ за тој да биде осуден за учество на набавка на блендирано возило од марката ”Мерцедес”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...