4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаБОКИ 13 Е ВО ЖИВОТНО ЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА, АКО НЕ ГО ОСЛОБОДАТ ЗА...

БОКИ 13 Е ВО ЖИВОТНО ЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА, АКО НЕ ГО ОСЛОБОДАТ ЗА СКОРО МОЖЕ И ДА ГО ИЗГУБИМЕ

Адвокатот ма Бојан Јовановски, Сашо Дуковски кажа дека Боки 13 не дал исказ во судот, а од среда Русковска ќе треба да им ги презентира доказите против осомничениот, објави А1он.

Дуковски за медиумите кажал здравствената состојба на Боки 13 е животно загрозувачка и дека под вакви услови нема да даде исказ.

„Денеска за прв пат од донесувањето на наредба за спроведување на истрага и притворањето на Јовановски, тој денес за прв пат е викнат да даде исказ во јавното обвинителството. Не е во ред кога вие немате поима какви докази има против вас да ви се дава известие за завршена истрага. Истиот ден се бара да се даде изјава од осомничен за основните сомневања и доказите против него. Во Стразбург, од прв ден треба осомничениот да биде известен за сомневањата. Ние не се браниме со молчење, ниту ќе се браниме. Ќе дадеме исказ”, вели Дуковски, адвокат на Боки 13.

Дуковски вели дека не знае дали ќе има обвинение против Боки 13.

„Во овие 15 дена ние ќе треба да ги гледаме доказите, па ќе дадеме исказ. Не гледаме на кристална кугла за да знаеме какви докази има. Од среда во 12 часот па наредните денови ќе вршиме увид па ќе дадеме исказ. Завршена истрага значи завршена истрага. Не знам дали значи дека ќе се поднесе обвинение”, додава Дуковски.

Дуковски тврди дека Боки 13 е со влошено здравје, а неговата состојба е животно загрозувачка.

„Има една ситуација за неговата здравствена состојба која никого не го интересира. Ќе видиме што ќе се случува. Незаконски е завршена постапката. Боки 13 нонстоп повраќа. Нека се смеат владетелите на правото дека е труден. Го носат во амбуланта му даваат раствор, обична терапија. Неговата состојба е животно загрозуваќка. Ако немате функција на желудникот, тогаш е”, смета Дуковски.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...